Абе види сеа, додуша он едно 6-10 пати во месецот иде до Припор, до самата граница мегу Припор и Сопиште да ја зема мајкаму. А припор кој возел натаму, знае дека е доста стрмен, грубо кажано се движи во опсег 9-12% наклон. Еднаш јас идев со него нагоре, во трета брзина при 55-60 км/ч, меѓу 13 и 15 литри му покажуваше моментална потрошувачка на бордот.
Второ он каде што живее во Кисела Вода, исто на стрмно место е, и колата кога ја пали за да излегува, 15 пати маневрира напред назад за да ја сврти за надоле.
Му викам дека уште тука на ладен мотор со тоа маневрирање доста губи и малце се чудеше, што имало врска ладен со загреан мотор

Ај ке му опростам пошто не е по колите и не се разбира премногу.