Здраво на сите, сакам да ве прашам за совет за автомобил до 3000 евра дизел, мал автомобил, мала потрошња.
Јас би ти предложил исто така пежо 206, цитроен C3 1.4 hdi или форд фиеста 1.4 TDCi кој е истиот мотор кој го носат пежо и цитроен, но имам слушнато дека одредена година од фиестита со тој мотор имале проблеми со инјекторите... Но имаш прилично голем избор, еве уште неколку: опел корса или фиат пунто 1.3 MultiJet/CDTi тој е истиот мотор, а за ланчето што спомна некој, нема врска дека се кине толку брзо, ако почне да тропа ќе го смениш, не е евтинко ама околу 100-ина илјади километри мислам дека тера, рено клио 1.5 dCi и имаш уште поло, ибица или фабиа 1.4 TDI... Овие се сите возила со прилично ниска потрошувачка 5.5-6 литри градска( да не те лажат дека 4.5 трошат) и поевтино одржување и регистрација...
