Едно нешто што МОРАМ да го замолам секој потенцијален сопственик на Лагуна, ако мисли да ја чува и вози а не препродава, е детално да провери дали колата има парно (дали дува топло во кабина при работна температура).
Овој проблем е поизразит на колите кои имаат климатроник. За решавање на проблемот треба да се менува радијаторче за парно, кое не е скапо но треба да се вади цела шалтабла!
Останатото, лагери на амортизери, т.е. горниот држач на предни амортизери, си страдаат и почињаат да тропкаат на чуден начин.
АБС компјутерот или сензорите на тркала се исто осетлив дел.
Се ова е детски болести, инаку за парите е прекрасна кола, особено овој примерок.