Таман си е колата за шоферот, просечна и стоеше на копјутерот 9.2л/100км со 28км/ч просечна брзина. За потрошувачка точно незнам на бензин колку ќе е зошто колата уште другата недела ќе се конвентира на плин по мој совет. Вака вожњата ме изненади, доста добра е, внатре се чувствува доста стабилно и изолацијата е одлична, до 160 е супер тивко. Јас сум доста позитивно изненанден. Во понеделник оди на сервис да се смени уље и сите затегачи, ксенони исто така ќе се ставаат одма зошто е со лупи, хемиско чистење исто така а напролет и 17 бандажи некој ќе паднат, овие да останат за зимски гуми кој веројатно ќе се пазарат деновиве. Братучедот сакаше да зима Алфа 159 увезена одозгоре ама го премислив да си земе некое поново возило одтука неувезувано и да не му се замара ама баш ич, како што верувам дека ќе биде случај со маздава. Не е некој заљубеник по коли, ни па го интересираат така да поарно му е маздичево. За понатамошни искуства ќе видиме сега за сега тоа е

П.С: Наваму и натаму одев со една Алфа 146 што била оставена на поправка кај мајсторот, ретко грда совозачка позиција има, нозите во претинецот пред возачот мислам дека ќе ми влезеа.