Да не сум ги возел, па да се убедуваме...
Димензии - должина х ширина х висина:
Lexus RX450h - 4890 x 2180 x 1685
BMW X3 - 4708 x 2138 x 1676
BMW X5 - 4922 x 2218 x 1745
Ширините се со вклучени ретровизори.
Во димензии е поблиску до X5, иако е моделски постар и би требало да се споредува со прошлата генерација. Ако го земеме во предвид RX 450h L со седум седишта (пошто и X5 може да се добие со 7 седишта, ама без промена во димензии) тогаш е дури подолг и од X5.
За цени не коментирам. Цени се различни од пазар до пазар и многу зависат од даноци, субвенции, стратегија на брендот, итн.
Ентериерите на Lexus лесно се споредуваат со германците. Ергономијата не е секогаш на исто ниво (особено во поглед на мултимедија) ама во однос на завршна обработка, фит и финиш и користени материјали - не само што се споредливи, туку во некои работи се и подобри од германците.
Чисто да е јасно, јас не би купил RX пред X5, чисто пошто не би купил ни RX ни X5. Има многу подобри и поубави и подинамични и посве седани за тие пари.
Едит: Субјективно, мене Лексусите секогаш ми биле убави. Луѓе им го хејтаат дизајнот, мене па ми се ептен убави. NX-от ми е рецимо многу убав, особено во добра боја и со добро-погодени тркала.
Тек па спуштеничок, со убави тркала..