......
Што знам. Ова ми е второ БМВ, и не сум поправал ништо посериозно. Добро на првото му го сменив подвозјето заради патиштата. Ама не беше нешто поскапо отколку нештата што ги сменив кај форд-от. Инаку двомасен + ламела + друк лагер за 320д и мондео тдди цената е идентична ( околу 430 евра).
Можеби некои работи се поскапи, или работната рака е поскапа да се поправат. Ама дека е многу поскапо за одржување, и со поскапи делови.... не баш.
Кај БМВ има интересен феномен. Како стареат колите и моделите, ОЕМ деловите од БМВ стануваат поскапи и поскапи. На еден начин, те притискаат да си купиш поново возило.