Однеси ја во Порше на детална проверка, веќе сервисираше возило таму па се знаеш со дечките од сервисот. Воочи им дека е затебе и убаво да проверат и да не лажат. Ова последниве работи обавезно зошто другар однесе таму Ауди А3 од ВИП на проверка и му кажаа се најдобро за возилото, а возилото врска си немаше ама веројатно не ја ни провериле. Што се однесува до седиштето не би обрнал толку внимание на тоа, кај ЦЦ то седиштата се спортски и има ниско седење, така да седнувањето и станувањето оставаат поголем белег на седиштата, особено ако ја возел некој што многу не и се замарал на колата.
Доколку нема претрпено голем удар јас за 12.000 одма би го земал. Па и уште 1000 евра да дадеш за доведување на возилото во одлична состојба мислам дека се исплати. Убава и брза кола со одличен мотор ја земаш за 35-40% од продажната цена пред 5 години.