Тоа што сеуште го имам истиот телефон како и пред 4 години е резултат на мојата желба да го имам истиот телефон и ништо друго. Иначе, да сакав нов, до сеа ќе купев.
Мојата тајна? Не инсталирам ама баш никакви апдејти и ама баш никакви апликации кои не ми се апсолутно неопходни. „Еј, јутјуб има нова верзија, да ја инсталирам, така? Не фала, чао“. „Ејј нов некој бесплатен шарен курац-палац, сакаш? Не, фала, чао“. „Ејјјј, facebook има апликација за подобро/побрзо/мај ес гледање на сајтот, сакаш? Не фала, m.facebook.com изгледа идентично и ми е екстра.“. Згора на тоа мемориска картичка од 32 гига.
Работи брзо и мазно како кој било понов телефон и стварно не чувствувам потреба да го менувам, а и екранчето му е екстра-нена-лепа-брена. ЧувсвуваВ потреба за нов телефон до пред некој месец кога ми текна да анинсталирам андроид 4.x и да се вратам на фабричкиот 2.3.x... Телефончето се препороди. Башка е факин тенок.
На сите со постари телефони најтопло им советувам да се вратат на фабричката верзија на андроид. Пробајте, па ќе ми заблагодарите подоцна.