постои ли начин да се деактивира proximity сензорот? едноставно, несакам да ми се гаси екранот и тачот додека разговарам. андроид 4.1.1.
пробав со некои апликации, ама едноставно ништо не работи како што треба... имаше неколку... дали самиот оперативен систем има патека по која ке ме однесе до деактивација на тој сензор. знам дека на некои телефони налетував на времето на тоа (да го отштиклирам или не) баш тој сензор, ама немав појма што е и не чепкав... сега сакам.. очигледно ми се поеба сензорот, бидејки ми падна телефонот на земја и тачот пукна. сега, секогаш кога ке воспоставам повик ми се гаси екранот и неможе да се упали. не ретко ке се јавам за пораки да проверам, ми треба екранот за да утипкам бројки или нешто, едноставно го нема...
читав и барав по нет нешто... наидов на бајаги луѓе со овој проблем, најчесто со самсунг галакси го пријавуваат овој проблем, но никаде не прочитав конкретно решение.
проблем... проблемот е до тој чекор отиден да неможам ни да го исклучам повикот, бидејки, нели, не ми се пали екранот, па да кликнам за крај на позивот... среќа најдов опција која го прави power button да биде за инстант крај на позивот, ама тоа не е решение.. екранот пак не се враќа...
решение некое од познавачиве на андроид?