Денес шетав да разгледам телефончиња и се запрепастив.
Xiaomi Mi2s го видов во живо. Тоа е феномен од телефон.

Во моментов најдобар помал телефон што се продава во продавнициве. Го има тука:
http://hi.com.mk/Изгледа многу слично на ајфон, има квалитет на изработка како ајфон, и осет како ајфон. И оди со снапдрагон 600тка кој ќе лета на 720п резолуцијата која ја има. Без дискусија најдобар телефон од помалите, и по цена и по се. Штета што нема поголем (односно има Mi4 ама ептен е нов и има исфурана цена)
Мi3 поголемиот е исто фантастично изработен, но малку ми се преголеми страниците над и под екранот. Многу некако го зголемува телефонот, а не екранот.
Мi4 мислам дека ќе е страшно добар, а ќе стигне следнава недела. Со 801 процесорот на 1080п резолуција, метален, изработка врв. Само е скап кај нас 24.000 најавена цена има. Да беше под 20.000 (под LG G2) може и да е најбољи избор.
Пак го видов LG G2, овој пат упален. Страшен телефон. И тоа не ми изгледа на сапун кога ќе го видиш чист и упален. Страшен телефон, пак ќе кажам. Лудница.