Ај да не отворам нова тема, ке прашам овде.
Имено, се работи за HTC desire C. Кога ке пробувам да отворам било која апликација или пак додека работам со некоја апликација, ми се појавува порака на екранот на која пишува дека имам малку место во меморијата и дека неможе да се изврши операцијата, и ке стиснам ОК и си продолжувам со работа.
Самиот телефон има 0.94 Gb меморија, од кои само 113 Mb ми се искористени, а слободни се 842 и незнам зошто ја појавува таа порака. Искористеноста на рам меморијата ми се движи од 190 до 220 Mb. Сега чепкав, отидов во опции и одбрав после секое гасење на апликација да се исклучува секаква активност, ама пак ми ја појавува таа порака.
Значи ке ми ја појави и потоа нормално си работи, и ме нервира. Дали решението е да му ставам мемориска картица ? Ако е до тоа, одма ке зеам некоја од 4 или 8 Gb пошто и не се многу скапи.