Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1470925 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20401
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2190 на: 20 Октомври 2013, 23:38:20 pm »
Секогаш тоа била целта на Нексус телефоните, но за жал таа е цената во Америка ( САД ), а не тука.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5859
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2191 на: 22 Октомври 2013, 12:17:05 pm »
Aпк од последната верзија на плеј стор со слајд мени која ќе биде достапна со Андроид 4.4. Работи одлично и многу побрзо.



Google Play Store v4.4.21 Download

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5498
  • Пиши лаже
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2192 на: 22 Октомври 2013, 12:18:44 pm »
Па бесплатен е маркетот за даунлоад како што знам јас, зошто не го постираш тука. ;)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9592
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2193 на: 22 Октомври 2013, 13:46:40 pm »
Обично тоа што е кај нив долари, во Европа е евра, така да ке биде 350 евра што пак е поефтино од самсунг/хтц.

Taka e bidejki tamu plus danok treba da platis na tie dolari, jas go kupiv prethodniot model i na cenata vo dolari ima plus i danok kaj niv cenite se bez danok.
baska na slika izrabotkata na nexus 5 izgleda poruzno od 4kata

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2194 на: 22 Октомври 2013, 17:57:35 pm »
Данокот е отприлика 6 %, најголем е во Њу јорк 8%. na 550 долари телефон, данокот беше 40 долари, така да на упола поефин телефон, данокот е некој 20 долари...што се 20 долари не зезај 800 денари :D

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2195 на: 22 Октомври 2013, 19:44:35 pm »
Ако не се лажам и цената во PlayStore во европа која е во евра е без данок. Како и да гледаш во европа е поскап. А за изработката, останува да видиме кога ке излезе. Nexus 4 има навистина добра изработка, ама досега сите наредни модели биле со подобра изработка од претходниот.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2196 на: 22 Октомври 2013, 23:20:59 pm »
Nexus 4 е лоу буџет телефонче. Никако неможе да се спореди. 4 месеци си го работев и да можам да кажам дека ја оправдва цената од 200 долари (8.000 денари) НЕ ПОВЕЌЕ. Изработката е ок, ама само ок, ништо повеќе. после само неколку недели користење се осеќа неквалитеот. почнува да крцка по малце и слично. Имав 2 исти такви земени од плеј стор и двата се покажаа исто. Доста често имав моменти кога телефонот знаеше да се укочи ама онака убаво да си укочи па мора гасење рестартирање и слично. Скајп не поднесува баш убаво, после 2 дена користење, кога ќе се уклучи скајп телефонот знаеше сам да се изгаси. Се случи на двата телефони. Можат и подобро...

Ај ќе наведам некој позитивни и негативни страни на HTC ONE

Позитивни:
-Прелесно може да се трансферираат контакти и слични фајлови од друг (стар) телефон. Уште полесно ако е HTC или Iphone. Многу полесно за разлика од Itunes и слично
-Доста сум задоволен од камерата. Лично, доста ретко користам камера на телефон, ама овој пат морав. HTC Zoe е нешто невидено добро, филмчињата со Zoe слики се прејаки. Доста добра иновација.
-Телефончето прекрасно лежи у рака, иако на почеток изгледа малце големо, се е ствар навика.
-Екранот е предобар!
-За звукот несакам ни да зборам....Освен што звучи одлично на звучниците од самиот телефон, доколку го поврзам во кола, репродукцијата на звукот е на завидно ниво. Иста песна копирана на Iphone 5, Htc One и Samsung Galaxy Nexus толку различно звучи преку звучниците во кола.
-Досега, веќе 4 месеци активно користење ми се нема случено ниеднаш да закочи или да биде поспор.


Негативности:
-Ме нервира то знае телефонот доста да загрее. Читав околу тоа, виновно е и алуминиумското куќиште кое пренесува топлина повеќе отколу пластиката. Па со гледање јутуб подолго време знае да загрее, не нешто страшно, но доволно колку да го осетам и не ми е по кејф. Јасно ми е дека сите телефони загреваат, Самсунг С4 дури и повеќе, ама ипак..
-Контактите и бирањето на броеви. Некако не сум сеуште навикнат на изгледот на контактите и целокупната поставеност на испуштените повици, Dial-от и контактите. Незнам едноставно имам потешкотија да се навикнам на таквиот начин.
-И кај овој телефон се напнувам кога зборам со некој и доколкутој исклучи стотинка пред мене а јас во тој момент стиснам на End Call во истото време истото копче End Call уствари се претвора во зелено копче Call и знам да звонам по грешка.
-Htc сенс 5 е супер, блинк фид е ок, но не до степен кој што треба да биде. Нуди прилично можности за персонализација ама не доволно. МИслам дека со сенс 5.5 ќе биодат додани доста работи кои би сакал да ги имам.


Батеријата е ок, издржува цел ден со доста активно користење.Сега го полнам на 3 дена, но не го користам скоро ич, саат, саат ипол муабет набрзинка нешто интернет ако ми треба и слично, па така да си седи. завчера ми е полнет а еве оваа вечер дури има 10% батерија. Ама ова само овие денови неколку кога немам ни време да погледнам саат на него, а не нешто повеќе. Незнам дали јас сум направил нешто, или мапите на гугл мапс се уствари симнати во телефонот, но кога бев во Њу Јорк, без америчка картица во телефонот и без вифи, телефонот успеа да ме лоцира и да користам навигација иако сум без никаков интернет ниту пак сим картица во него. Голема услуга ми заврши да не се изгубам. Вечно сум му благодарен за тоа :) Дури на сред улица сжимав можност да отворам и да видам со кое метро каде да се качам и каде да слезам и сеуште ми е чудно како тоа го имав со исклучен вифи и без картица у него :S

Целосно презадоволен сум со телефонот, послекористењето на овој, секој друг телефон ми е катастрофа :S

Споредба со IPhone 5:

Дома имам две И 5ки што секојдневно си ги играм, така да мислам дека можам доста компетентно да раскажам.

И5 е прекрасно изграден телефон, алал да им е на Аппппппле за та работа. Иако и ОНЕ е доста солидно изграден, мислам дека за генерација, две ќе го достигнат нивото за Iphone.
IOS ми е премногу симпл за мнооогу работа и премногу комплициран за други работи. За општо секојдневно користење на телефонот, ајфонот е океј, мал лесен и доста интересен. Ама натинг спешл. Прва работа е сафари броусерот кој е прилично поспор од вградениот на хтц а од гугл хром тродупло.
Копирањето на податоци, правење бекапи менување на телефони со итјунс и слично не е најлесно онакак како што кажуваат. Многу непотребни глупости има, многу!
Ајфонот го нема ни звукот ни сликата што ја вади хтц-то, не е лошо ама далеку е позадихтц-то. Сликата е посветла ама не подобра.
ИОС 7 е доста интересен, подобар од минатите ама знае да се закочи и да изреагира споро на многу глупави ситуации. Како да речеме отварање на контакт, и знае да потрае пола секунда. додека досега сум немал таков проблем кај хтц-то, што и да стиснеш отвара одма у секунда. Уствари имав со уклучување на јутуб, ама со нивниот нов апдејт веќе не.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20401
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2197 на: 22 Октомври 2013, 23:32:45 pm »
Ако таа на HTC One е добра камера..

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2198 на: 23 Октомври 2013, 00:02:32 am »
Мислам дека првпат слушам/читам некој да се жали од Nexus телефон било која верзија. Јас го имам веќе 7-8 месеци и немам ни приближно искуство на твоето. Ниту имам проблеми со квалитетот на изработката ниту со софтверот. Досега само двапти ми се има рестартирано, еднаш прегреа на сонце закачен на ветробранското стакло (меѓу народот попознато и како шофершајбна :D) а вторпат при користење на камерата. Откако е на верзија 4.3 ниеднаш не се рестартирал.
Мислам дека е комплетен nonsense (како што љуби да каже Фрчковски) да се класифицира како Low budget телефон! Цената му е таква само затоа што е финансиран од Google. На пример, јас преку договор за некои 7000-8000 земав Samsung Galaxy Ace... е тоа е low budget. Nexus e линија на телефони што воведуваат новости и поставуваат цели за другите производители.
Пред се мислам дека работи така добро затоа што не е оптеретен со глупости и шминки. На пример Nexus 4 out-of-the-box користи 450 MB RAM (од 2ГБ достапни околу 1,8), додека Galaxy S3 мислам дека беше околу 550 MB (од 1 GB достапни околу 800MB), а S4 користи 850-860 MB од 2 GB (незнам колку се достапни, али ај да решеме околу 1,8).

Јас сум задоволен и ако го мењам тоа ќе биде за година/две најверојатно повторно за некој Nexus.

P.S. И мене ми се бендисува HTC One

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20401
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2199 на: 23 Октомври 2013, 00:05:14 am »
Што крцка кога на Нексус 4 и предниот и задниот дел се од стакло? Кога ајфонот беше од стакло беше како вау ново ниво на квалитет, а чим ЛГ го прави е шит?

Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2200 на: 23 Октомври 2013, 12:43:48 pm »

-И кај овој телефон се напнувам кога зборам со некој и доколкутој исклучи стотинка пред мене а јас во тој момент стиснам на End Call во истото време истото копче End Call уствари се претвора во зелено копче Call и знам да звонам по грешка.


Оди во Settings > Accessibility и селектирај си Pоwer button ends call. Јас од претходниот телефон се навикнав така и не памтам кога последен пат сум стиснал на End Call.



А за камерата не ми се ни збори, не е достојна за телефон како One, ја фалеа со добри перформанси при слаба светлина, да за нијанса е подобра од некои други што сум споредил, но затоа има и еден проблем, кој стигне се жали, во ситуации каде имаме ептен ниска светлина има некакви "духови" по сликата со виолетова боја.





Имав и други слики со ваков проблем во по реални ситуации каде што стварно може да те изнервира и да ти уништи слика, оваа со тастатурава е сликана само за да се покаже проблемот.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20401
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2201 на: 23 Октомври 2013, 13:25:48 pm »
4MP камера во 2013 година.. :))

Отсутен Apostolski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 90
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2202 на: 23 Октомври 2013, 14:42:11 pm »
мн е тапа камерата на оне, предходно имав лумиа 920, и не се споредуваат едноставно .. а за др е екстра уанот ама тоа е...и кај мене има некој дефект или баг при ниска светлина т.е у темница ми вади розево црвени слики, морам да сликам со блиц нонстоп

пс. пе е толку тапа ама пак за флегшип телефон е тапа
« Последно менување: 23 Октомври 2013, 15:00:10 pm Apostolski »

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2203 на: 23 Октомври 2013, 15:36:30 pm »
Незнам, како што кажав камерата не ми е многу битна. Доста солидни сликички си напраив со неа летово :)
Јас лично сум задоволен. Не барам незнам што од неа :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30846
    • CARclub.mk
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #2204 на: 23 Октомври 2013, 17:36:04 pm »
Мене камера ми е една од нај-небитните работи на телефонот. Али One Mini има тиња камера за ноќе. :)