Автор Тема: Офроуд тест на Субару Форестер.  (Прочитано 9414 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Офроуд тест на Субару Форестер.
« на: 09 Мај 2011, 14:09:04 pm »
Минатиов викенд имаше тест на Форестер на Зајчев рид, организиран од Субару. Како возач беше дојден тест возачот на Субару од Грција, кој веќе неколку години е со нив, а бил тест возач во повеќе други автомобилски марки, како и рели возач во своите најмлади години.





















Неколку часа муабети со бившиот фотограф, кој на времето користел Никон Ф5. И развозувања по теренот, на сите места со брзини блиски до 120кмч. Возилото е многу солидно, особено за својот изглед од кој би се заклучило дека не е теренец. Се справува со теренот без апсолутно никаков проблем. Нема никакви вибрации во внатрешноста при офроуд возење. Ако е потребно, може да пружи одлично забавување надвор од патот. И сето тоа со Дизел моторот при потрошувачка од 9.8 литри, а бензинецот од 10.9 литри. Убаво би било да се напомене дека ако возилото се вози надвор од патот на поекстремни терени убаво би било да има редуктор за низок степен на пренос. Бензинецот имаше и се движеше како ракета низ пределите без потреси и проблеми, споредбено со дизелот кој нема низок пренос, и често стигаше до 1000 вртежи во 1ва брзина и се случуваше да угасне.
За секој заинтересиран за ваков тип на возило, навистина вреди да се погледне. Особено ако дел има потреба да се вози надвор од асфалтната средина.




ТЕСТ:

Бев да го повозам Форестерот во град. Значи колата е навистина супер. Моторот е многу рафиниран со сила насекаде, а не се чувстувува дека се 4 цилиндри. Делува како многу помала кола кога ја возиш, и повлекува одлично. За кола која има 21 сантим висина и е највисока од конкурентите, воопшто не се чувствува. Преносот е фантастичен, а и суспензијата. Потрошувачката се движи во рамките на 8 литри за 2.0 тдизел моторот. Ниската поставеност на моторот и преносот, даваат чувство на сигурност и стабилност - реткост за волку висок автомобил. Може да се каже дека внатре личи на караван. Не постои никакво наведнување во кривини и слични негативни чувства. Диференцијалот е доста сплескан и не виси долу, па затоа и проодноста е толку голема. Крајниот заклучок е многу силен и позитивен.
Многу би сакал да го осетам 2.0 тдизел 4х4 во импреза, но нема такво нешто за проба. Ќе треба да се побара по комшии и пријатели. :)
« Последно менување: 11 Мај 2011, 15:08:13 pm Deni »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #1 на: 09 Мај 2011, 14:13:16 pm »
Бев, видов, возев, ме возеа...и така.

А, убаво ќе беше да не провозеа со некоја Rally Impreza.

p.s zero, фала. Поздрав. :)

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #2 на: 09 Мај 2011, 14:54:46 pm »
И јас бев, на ваква промоција на субару, но пред едно 2-3 години... се тестираше во железара на брдата, истиот човек(гркот) ни покажа се што сме гледале на тв, и дури невозможното го направи возможно...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14290
  • Пудингот на шоферството
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #3 на: 09 Мај 2011, 17:38:38 pm »
И јас бев, на ваква промоција на субару, но пред едно 2-3 години... се тестираше во железара на брдата, истиот човек(гркот) ни покажа се што сме гледале на тв, и дури невозможното го направи возможно...
A,sigurni ste deka e Grk...da ne e od nasite ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #4 на: 09 Мај 2011, 17:40:12 pm »
Полу Грк, полу Либиец (колку што разбрав). Се вика Насим. Многу, многу фин човек.

Отсутен RikiRulz

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10639
  • *** UNDERCOVER ***
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #5 на: 09 Мај 2011, 17:46:59 pm »
Полу Грк, полу Либиец (колку што разбрав). Се вика Насим. Многу, многу фин човек.

Да да, озбилно и мене таков впечаток ми остави... ептен... објаснува... све, не е само да те седне и да те вози, објаснува све темелно, од погонот, па до нагибувањето на форестерот

Отсутен The Boy Next Door

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 491
  • Pug 205 GTI - the drive of your life !
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #6 на: 09 Мај 2011, 19:21:31 pm »
Бев,видов,победив ;D.......Гркот е мајстор за ваков терен,перфектен возач,СЕКОЈА ЧЕСТ.
Не возам брзо, ниско летам.

Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 255
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #7 на: 09 Мај 2011, 19:25:33 pm »
Воодушевен сум од прекрасните слики,Дени мајсторски слики бравос.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #8 на: 09 Мај 2011, 20:16:32 pm »
Воодушевен сум од прекрасните слики,Дени мајсторски слики бравос.
Огромна благодарност! Ќе бидат и потсреденки некои што ми се посебно убави! :)

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #9 на: 09 Мај 2011, 20:38:19 pm »
Пу бе....јазк... еден ден ќе решам да го оставам телефонот дома во 3 години, да го ставам мозокот на лер и тогаш ќе се јави некој да каже дека има вакво нешто...ќе си апнам од мадево...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29667
    • CARclub.mk
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #10 на: 09 Мај 2011, 21:03:22 pm »
Тоа е директоре.. :)

Јас пројдов фантастично во Саботата сабајле - многу добро ми ги растресе изнутриците човекот додека се возевме, а имав можност да повозам и Legacy 2.0 Boxer Diesel и морам да напоменам дака сум стварно позитивно изненаден од автомобилот. Од надвор, претходното Legacy ми се свиѓаше многу повеќе, ама со овој модел удриле повеќе на рафинираност и луксуз, а моторот е одличен.

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20664
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #11 на: 09 Мај 2011, 21:26:13 pm »
Ја не успеав да отидам... Башка што ме тресеше некоја треска цел ден  :-\

Дени, добри фотки, али и ја ке ти кажев некои што имаат троа потенцијал, да им посветиш поише внимание ;)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #12 на: 09 Мај 2011, 22:49:45 pm »
Туууууу, што не спомнавте дека ќе идете во Субару салонот? Ќе ве поздравев од балкон :). Може и ќе се симнев до доле пошо немав друштво за тест-возење.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #13 на: 09 Мај 2011, 22:56:14 pm »
Субаруто изгледа поубаво низ објективот на Дени. Секоја чест ;)

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5547
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Офроуд тест на Субару Форестер.
« Одговори #14 на: 09 Мај 2011, 23:27:19 pm »
Deni sto Nikon koristis?

Imam ja D70s so 18-70 objektiv i VR 70-300mm.
Hobi mi e fotografija, i porano bev poveke zainteresiran ali sega se e svrteno po avtomobilite.

Se gleda po Nikonot deka odamna sum go zapostavil ova hobi neli ;D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!