И јас се сложувам дека навиките тешки се за менување. Затоа јас со Android мака мачам за нешто што во WP ми оди сосема нормално.
Тоа не е причина да му се нафрлиме на производот.
Овде има многу технички писмени луѓе што живеат со WP платформата и во секојднеивето немаат поголеми маки отколку што имаат или би имале со други платформи.
Јас користам Android кога ми требаат две апликации:
- Едната е навигација во предели каде нема пат, планинарење претежно. Таа апликација која мене ми нуди тоа што ми треба ја нема на WP. Ама од друга страна па кога одам на планинарење уредот што го користам за навигациј не ми е телефонот. Телефонот си го чувам во ранец за недај боже и не го замарам. Имам стар телефон одличен за таа намена и само тогаш го носам без SIM.
- Вотриот момент ми е VoIP клиент за 3CX телефонска централа. Потребен ми е службено.
Од друга стран за Android имам цела листа на маки кои според мене се комбинација од субјективни фактори и од релно застарен концепт на mobile os (ќе пркнат пак штом ќе се исцеди сокчето од сегашниот модел).
И во двата случаи не можам да кажам дека платфромата на WP е крива. Треба да се праша производителот на овие пакети дали (и зошто не) ќе направи производ портиран.
Бројќите за продажба ги видовте. Јас да произведувам апликации ќе си го направам есапот колку би ме чинело портирањето.
За iPhone верувам дека е добар (не без маани), но не верувам дека е добар колку што чини (овде имам една листа небулзно кафански муабети за тоа како ги тестираме телефоните уз ракија). Мојот став е дека од мој џеб, или од џебот на мојата фирма не би вложил во iPhone доколку не ми е целта да си ги покжуваме колку пари можеме да си фрлиме на уред кој почесто се губи, е украден или искршен отколку што го доживеал својот технолошки фејдаут.