Sekoja cest za Mazda. E toa e kola. Besmrtna, kvalitetna i napravena do sovrsenstvo. So ubavo da si ja vozis.
За жал не можам да се пофалам дека поседувам Мазда
Ама деталите ќе следат дополнително
Како што најавив, следи искуството со VW Tiguan 1.4 ТСИ 150 кс.При тестот на Шкода Јети ќе излажам дека не ме заинтересира и VW Tiguan. Кај Тигуан се испеглани оние нешта што фалат кај Јети односно шминка
. Подобар изглед, нешто пошминкерски средено во внатрешноста, минимално поголем багажник во литража, ама со огромна маана во недостаток на штосовите на задните седишта од Шкода Јети.. Кај Тигуан може само напред / назад поместување на задната клупа, без можноста за вадење на седиштата од кај Шкода Јети. Исто формата на багажникот ми делува дека и покрај литражата за некои нешта има помала функционалност.. Бидејќи тука немав прилика да ставам точаци нека биде дека Тигуан има поголем багажник за некои предмети во ситуација кога седат луѓе на задната клупа, а Шкода Јети има пофункционален багажник поготово ако не седат луѓе на сите седишта позади.
Предност на Тигуан во однос на Јети е и во поглед на можните опции, на пример седишта од алкантара (за мене најдобар материјал, подобар и од кожа). Или можност за доплата за Dynaudio звучници.. Како што кажав главна разлика е шминка, а и тоа што на препродажба веројатно помалку би се изгубило ако се оди на модел со повеќе опрема, бидејќи ради предрасудите во нашето општество за Шкода никој не би дал премногу пари па макар била и со многу опрема и одлична, додека за VW веројатно е обратно
(Иако е малтене истата кола).
Друга маана на Тигуанот е што нема можност за доплата за гаранција 5 години туку доаѓа со 2 години. Како и да е побарав понуда за Тигуан 4 Motion, 2.0 TDI 140 ks и со доплата за 170кс, Dynaudio, Алкантара и тоа за онаа верзија Track & Style. Ми излезе цената над 32000 еур што некако не ми се даваа пред се ради недостатокот на простор, и ради што мислам дека сепак Тигуан не вреди 10000 еур повеќе од Јети.
После извесно време најдов на оглас 3 години стар Тигуан со 30000 поминати, со кожа , 4 Motion , доста опрема, за релативно пристојна цена со мотор 1.4 ТСИ 150кс. Го одпринтав огласот (со слики, таблица и слично
), се јавив и се договоривме да го видам и пробам. Свртев еден круг на обиколница, и иако кратко ја извозев, заклучив дека возењето е слично како кај Јети, со таа разлика што овде ко да има подобра изолација (мада овде возев различен мотор, можда е и ради тоа), и некако порафинирано возење, ама исто нема љуљање, многу прецизно и добро држи и прави ќеиф. 1.4 ТСИ 150 кс, влече ептен добро, и ми направи ептен ќеиф како забрзува и колку снага има цело време (од најмала брзина па до голема брзина).Приметив дека потрошувачката на компјутер е многу голема уште кога влегов во колата, ама ми кажаа демек имале многу градско тргни застани инаку помалку трошела. Пред да ја возам го ресетирав компјутерот, и сепак овој мотор троши многу (освен ако не се вози епен внимантелно, ама како што кажав сите возења ги правев во мојот нормален режим на возење). Потрошувачката ми беше од 10 до 14 литри на 100. Се договорив утредента да одам на ручек со сопственичката и да евентуално се договориме за купување. Дента исчитав еден куп форуми и сватив дека ова е екстремно расиплив мотор и најдов еден куп луѓе на кои што им отишол моторот на многу мали километражи. Се иконсултирав со Порше сервисот конретно за овој примерок (бевме заедно со сопственичката) и сепак решив да го купувам и покрај потрошувачката и високата расипливост (ова од читање по форуми, во Порше немале искуство да се расипе некој од 1.4 ТСИ на Тигуан), највеќе ради што веројатно лесно би го продал ако не ми се допаѓа на подолг рок. Арно ама
Бидна и ручекот (односно вечера
). Среќа во џеб го имав и испринтаниот оглас (бидејќи го снема од нет), со слики, таблица, цена.. Кога почнав да се договарам, сопственичката почна да бара 3000 еур повеќе него што беше во огласот
. Јас нормално спомнав дека друга цена беше пишана, и почна дека сум се збунил и слично
Го извадив огласот од џеб, почна да се правда дека не знае кој и ја сликал колата, и кој ја ставил таа цена
и дека не попушта од новата цена. Ова во комбинација со потенцијално проблематичниот 1.4 ТСИ 150 кс мотор (овој мотор не се прави веќе, новата верзија е скроз редизајнирана и има 160кс), малиот простор и големата потрошувачка беше доволно да нарачам уште вино да наздравиме и да се поздравиме.
После извесно време ми налета уште еден Тигуан исто со 1.4 ТСИ 150 кс (во оглас) ама со странски таблици. Го свртев еден круг на обиколница и исто приметив голема потрошувачка. Проверив околу овој Тигуан, ми се виде сомнителен и решив да не влегувам во тоа дефинитивно.
Наредно возило : Mitsubishi Outlander
поздрав
Дарко