Мене првото полнење бензин со мои пари во моја кола ми беше на 27 октомври 2003 година.
1л 98 октански бензин беше 48.5 денари. (95-ка беше 46.5)
Ставив 500-че.
Плинот тогаш беше околу 17 денари литар.
2000-та година 500 марки плата, земаа во подобрите фирми (ЕСМ пример) или некои од министерствата.
Администрација земаше 350 марки плата.
Знам, бидејки татко ми тогаш беше во Министерство за животна средина, мајка ми во Општина Битола.
Тогаш беа и првите плински уреди и во овој дел од Македонија (Битола) имаше плинара само во Охрид.
Луѓето одеа до Охрид да турат плин. Кратко траеше тоа, ама го памтам како појава.
Сите беа скептични во тој период за плински уред кога ќе се сетам.
Бомба било, абе ќе го оштетиш моторот, „Ако Германецо мислел да стави плин во колата ќе го напраел то од фабрика“ и слични муабети.