Од 20.03.2006година па наваму ги имаш сите одлуки јавно со сите податоци и пресметки. Ако имаш средно завршено ќе ти биде доволно да земеш со дигитрончето и да сметаш. Во случај ако мислиш дека не се во право, дека лажни пресметки прават и дека играат од ракав слободно имаш институции каде што можеш да ја бараш правдата. Пред да тврдиш нешто како ова погоре седни и почни да пресметуваш па после врати се да поразговараме и да ми кажеш за цените што се вадени од ракав.
едит излезе намалувањето
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
Со оваа Одлука се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените
деривати во просек за 8,23%, односно за 5,24% во однос на рафинериските и на малопродажните цени
на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика на
Република Македонија од 27.07.2015 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период
изнесуваше 51,202 $/барел и е за 9,52% пониска од просечната цена на сурова нафта (56,587 $/барел) по
која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 55,9955
ден/$ и е за 0,275% понизок од курсот на доларот (56,1500 ден/$) по кој беа формирани цените.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 8,50% или за 53,925
$/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 6,39% или 31,175 $/тон и кај мазутот намалување во
просек за околу 9,80% или за околу 26,063 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените
деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 8,23%.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се
намалуваат во просек за 5,24 %.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,50 ден/лит
во однос на цените утврдени со Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
изнесува 67,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажните цени на
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит во
однос на цените утврдени со Одлуката од 27.07.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 51,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,50 ден/лит.