Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1725976 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7113
Одг: Цена на горива
« Одговори #5970 на: 19 Ноември 2014, 14:03:52 pm »
А пред едно 4-5 години кога нафтата стигна до 140 долари за барел, колкав беше курсот на доларот, па тогаш возевме бензини кои чинеа 65 со 67 денари ?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #5971 на: 19 Ноември 2014, 14:05:11 pm »
Taка е Симо, порано бил и повисок барелот но доларот бил низок и биле уште пониски малопродажните цени. Народов мисли само дека владата стиска копче и оп си прават цена по нивни кејф. Владата си лапа фиксна акциза од литро, па дали било 50 денари или 100 нив не им менува ништо. Во прилог им оди да е пониска цената пошто и поопуштен ке биде народот и плус повеќе ќе се троши гориво. Инаку еве ја најточната пресметка пред некој ден формирана :
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот
четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 3,64 % или за 28,35
$/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,01 % или 14,55 $/тон и кај мазутот намалување во
просек за околу 6,11% или за околу 28,44 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените
деривати е извршено соодветно прилагодување.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати
според Методологијата, рафинериските цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,96%.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се
намалуваат во просек за 1,91 %

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #5972 на: 19 Ноември 2014, 14:17:35 pm »
Се извинувам за дабл пост но за да биде појасно, фило цената на барелот го достигна максимумот летото 2011 година кога цената на барелот дојде до 125долара за барел. Да те поправам никогаш не беше бензинот 65 денара на таа висока цена на барелот Еве ти ја и пресметката и пак ке ти стане јасно дека доларот ја игра целата педерска работа во малопродажната цена на горивото кај нас:
 26.04.2011 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период
изнесуваше 122,805 $/барел и е за 0,66% пониска од просечната цена на сурова нафта (123,628 $/барел)
по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 41,6971
ден/$ и е за 2,31 % понизок од курсот на доларот (42,6819 ден/$) по кој беа формирани цените.
Така цената на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит.
Малопродажнaата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена
согласно Одлуката од 26.04.2011 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.

Уште ова, молете бога да не ја вратат цената на барелот околу 110 долара а ебаниот долар да остане 50 денара. Тогаш предвидувам цени од околу 90 денара литар безоловен.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Цена на горива
« Одговори #5973 на: 19 Ноември 2014, 14:20:24 pm »
Башка државата ќе собере повеќе пари, зошто едноставно нели, поефтино гориво повеќе возиме :)

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5729

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #5975 на: 19 Ноември 2014, 14:52:54 pm »
„весела“ математика:

Член 1
Претпријатијата кои произведуваат деривати од нафта можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати така што највисоките производни цени да изнесуваат и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 34,353
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 35,835
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 36,060

(одма у очи паѓа поголемата цена на дизло)

Пошто Дизелашите „помалку загадуваат“, за нив помала давачка за животна средина:

Член 3
Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од оваа Одлука содржан е надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 0,080
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 0,080
б) Дизел гориводен/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 0,030

И во задолжителните резерви има помалку дизел :)
Член 4
Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од оваа Одлука содржан е надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати и тоа:
а) Моторни бензини ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 0,890
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 0,890
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 0,300

До тука сме ОК, 95-ка 35,323 денари, 98-ца 36,805, дизел 36,44 денари (ете како дизелот стана поефтин од бензинот).

Акцизи и даноци:

Член 5
Во малопродажните цени утврдени со членот 2 од оваа одлука акцизите кои ги плаќаат обврзниците согласно Законот изнесуваат и тоа:
а) Моторни бензини
ден/лит
- ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 21,994
- ЕУРОСУПЕР БС - 98 до 21,783
б) Дизел гориво ден/лит
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 12,452

(речиси пола е акцизата на дизелот вс бензин)

Член 6
Во малопродажните цени утврдени согласно членот 2 од оваа одлука, трошоците на прометот на секој поодделен нафтен дериват од секоја ценовна група изнесуваат:

ЕУРОСУПЕР БС - 95 ден/лит 3,200
ЕУРОСУПЕР БС - 98 ден/лит 3,200
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ден/лит 3,200

И стигнавме до цениве:

95-ка: 60,517
98-ца: 61,788
Дизел: 52,04

На тоа ќе си го туриме 18% дедеве и ќе добиеме:
95-ка 71,4 98-ца 72,9 дизел-61,4


Е па видете колкав ќар има државата од секое литро безнин што си го возиме. За бензинот, зема околу 34 денари, ако не ги рачунаме трошоците на прометот (што би се рекло ќарот на бензинските станици, кој е 10% од цената на 1л)

Државата, на цената на дериватите удира грубо 100% маржа. Жив мерак!
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #5976 на: 19 Ноември 2014, 15:28:13 pm »
Benziskite pumpi imaat najmnogu do 3 denari kar na 1l gorivo.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7240
Одг: Цена на горива
« Одговори #5977 на: 19 Ноември 2014, 15:38:32 pm »
Реалноста е дека многу држави во светот имаат oil-driven public revenues а сите знаеме дека кога еднаш ќе лапнеш поголема порција, тешко оди помала.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7113
Одг: Цена на горива
« Одговори #5978 на: 19 Ноември 2014, 17:04:56 pm »
Се извинувам за дабл пост но за да биде појасно, фило цената на барелот го достигна максимумот летото 2011 година кога цената на барелот дојде до 125долара за барел. Да те поправам никогаш не беше бензинот 65 денара на таа висока цена на барелот Еве ти ја и пресметката и пак ке ти стане јасно дека доларот ја игра целата педерска работа во малопродажната цена на горивото кај нас:
 26.04.2011 година.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период
изнесуваше 122,805 $/барел и е за 0,66% пониска од просечната цена на сурова нафта (123,628 $/барел)
по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 41,6971
ден/$ и е за 2,31 % понизок од курсот на доларот (42,6819 ден/$) по кој беа формирани цените.
Така цената на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,00 ден/лит.
Малопродажнaата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена
согласно Одлуката од 26.04.2011 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.

Уште ова, молете бога да не ја вратат цената на барелот околу 110 долара а ебаниот долар да остане 50 денара. Тогаш предвидувам цени од околу 90 денара литар безоловен.

А летото 2010 година, јули и август, како се движела цената на барел нафта и курсот на доларот.
Убаво се секавам дека на 29 јули тоа лето идевме за Охрид на Аца Лукас со друштво и бензинот тогаш беше 67 денари.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #5979 на: 19 Ноември 2014, 17:08:09 pm »
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен
период изнесуваше 74,616 $/барел, пониска од денешната 10%.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4222
Одг: Цена на горива
« Одговори #5980 на: 19 Ноември 2014, 19:21:21 pm »
Симо, законот си е изгласан како таков (горивата се акцизна стока и ке се оданочуваат дополнително) и од тоа нема бегање ниту лутење. Е сега има еден МНОГУ битен детаЉ во ситуацијава. При пресметка на буџетот на нашата држава се предвидува (трескам бројќи) 300милиони евра приход од акциза за горивата. Во 2012 (мислам дека беше) вкупно собраните пари од давачки за горивата беше поголем за над 100 милиони евра, те. пари ВИШОК собрани од предвиденото! Тие пари нам НИ ГИ ДОЛЖИ државата и треба да најде некаков начин да ни ги врати (пр. да ја укине акцизата во рок од еден месец), АМА...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Цена на горива
« Одговори #5981 на: 19 Ноември 2014, 19:25:57 pm »
Benziskite pumpi imaat najmnogu do 3 denari kar na 1l gorivo.
Најмногу дупло од тоа, односно типично 5 до 7 денари.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Цена на горива
« Одговори #5982 на: 20 Ноември 2014, 11:27:33 am »
Јас колку шо знам е најмногу 3 денари,ми кажа шеф на пумпа од макпетрол.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Цена на горива
« Одговори #5983 на: 20 Ноември 2014, 11:28:42 am »
И мене така ми кажа познаник од Окта.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #5984 на: 20 Ноември 2014, 11:36:39 am »
Фино си пишува во пресметката. За продавачот 3.2 денари, со тоа што си сами си го плаќаат транспортот, па паѓа под 3 денари реалниот ќар.


Инаку, чисто за инфо, Друри и бакшиш некој да поклонува гориво на државава, на пумпа бензинот ќе го плаќаме околу 32-3 денари :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.