Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се
намалуваат во просек за 1,20 %.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената
утврдена со Одлуката од 14.07.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит во однос на цената утврдена со
Одлуката од 14.07.2014 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се
намалуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.07.2014 година и со тоа
цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за
домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 55,50 ден/лит.