Со моменталнава цена на плинот, во секој случај ке ни биде нас дома поефтино со кола да се оди на работа него со автобус.
И во сабота кога само мајками работи, наутро таткоми ја носи, попладне ја зема. Тоа се некаде 20 км, по 10 км наутро и попладне, а пошто нашиот болид троши ~9 литри плин, тоа му доага за тие 20 км да се потроши 1.8-1.9, ај еве ке заокружам на 2 литри плин, според моменталната цена тоа е 68 денари.
Епа кога во овој случај му доага исто или малку поефтино, нема мајками во сабота да испага уште пред 6 часот наутро за да испага да фати автобус, туку со кола во 6:40 ке излегува. А попладне додека отиде од Сет зградата до партизанска + додека чека автобус ке си дојде во 15:00.
Вака со кола веке 14:15 е дома.
А преку недела наутро со таткоми идат заедно, фактички за 34 денари идат двајцата на работа. Е попладне тогаш само мајками користи бус пошто работи до 14:00 а таткоми до 16:30.
Ете затоа бус нејкам да го смислам пошто кога идев на работа понекат со него, ми се одмилуваше животот, внатре милион луге, жешко, плус испагаш по 30-40 мин порано него со кола кога би идел, па го чекаш, па сонце те пука на станица или пак зимно време мрзнеш додека дојде.