Плинот нема мирис, се` дур не му турат. А овие му туриле бајаги..
Потрошувачката ја мерам на стандардни рути од дома до работа и назад. Мали се варијациите во густина на сообраќајот и скоро никакви во мојот начин на возење во тој период.
Мирисот нема никаква врска со квалитетот на плинот... те. плинот нема мирис
а со потрошувачка стварно незнам како точно да измерам, затоа што плинот многу реагира на температура :/
Пааа, што знам...
точно томи... плинот нема мирис. регулативите кај нас налагаат да се стави мирис накнадно. тоа е потребно за да се детектира негово евентуално протекување, инаку ке почне да ти дише а нема да знаеш. запалиш сигара, или прекидачот од светлата ке фрли искра и бууум... е сега на турава последна можда им се оттурило поише... 
Претпоставувам дека сте во право.
Ама јас досега не сум наишол на таков плин, каде и да сум ставал на Астрата. Било да е Макпетрол, Лукоил, Дет Оил итн.
Имам навика да стојам зад колата заради капачето, ке ми го заборавеа еднаш да ми го навртат истото, и сега си проверувам.
Ама кога и да го исклучуваат пиштолот, квалитетно се чувствува миризба на плин.