Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит во
однос на цените утврдени согласно претходната Одлука од 23.09.2013 година. Со тоа цената на
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит во однос на цената утврдена
во претходната Одлука од 23.09.2013 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,50
ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,50
ден/лит во однос на цената утврдена во претходната Одлука од 23.09.2013 година, со што таа изнесува
58,00 ден/лит.