Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
da ne go zamesha so vozduh za poeftino
пропан, н-бутан, изо-бутан, пропен, бутенова е смесата што ја има плинот
Московскиот весник „Известија“ објави дека руската енергетска компанија „Газпром“ во текот на минатата година својот природен гас најскапо го продавала во Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Чешка и Бугарија.Според весникот, цените по кои рускиот гас се продавал во Македонија и Полска биле на највисоко ниво од 2009 година.Додека просечната цена на гасот за европските земји изнесуваше 413,1 долари за 1.000 метри кубни, во првите шест месеци од минатата година Македонија истото количество гас го плаќала по 564,3 долари, Полска по 525,5 долари, БиХ по 515,2, Чешка по 503,1, а Бугарија по 501 долари, наведува московскиот весник.Аналитичарот на ИФД „Капитал“, Виталиј Крјуков во изјава за весникот вели дека „Газпром“ најскапо го продава својот гас во оние земји кои немаат алтернативни извори за достава на енергенсот.Македонија и БиХ целосно зависат од „Газпром“ во испораката на гас, Бугарија дури 90 проценти од своите потреби ги задоволува од рускиот гигант, а Полска над 60 отсто, наведува „Известија“.Московскиот весник посочува дека во првата половина од минатата година во повеќето европски земји гасот достигнал највисоки цени од почетокот на економската криза.„Газпром“ во периодот јануари-јуни 2012 година најевтино доставувал гас за Велика Британија и тоа по цена од 313 4 долари за 1.000 метри кубни.Според економскиот аналитичар Дмитриј Александров, ова е сосема разбирливо имајќи предвид дека британскиот пазар е најконкурентен во сферата на енергетиката во Европа. „Газпром“ задоволува само десет проценти од вкупните потреби на гас на Велика Британија.Весникот наведува дека по ланските рекордни цени, оваа година гасот на „Газпром“ ќе поевтини за речиси 14 проценти, но во исто време компанијата ќе забележи раст на продажбата од осум отсто.#