ЌЕ СЕ СЕЛАМ ВО ВЕНЕЦУЕЛА И ЌЕ СИ ИСКОПАМ БУНАР ЗА ВОДА.... какво решенеи е еј....
Потрошувачката на гориво нема никакво значење за животот во Венецуела. Водата на пример, е многу поскапа од бензинот.
Во Венецуела не е важно дали колата ти троши шест или 30 литри на 100 километри, бидејќи државата троши милијарди долари за субвенции и никаде на друго место во светот горивото не е толку евтино колку во оваа латиноамериканската земја, пишува “Вести.бг“, пренесува Нетпрес.
Возач на мотоцикл-такси, кој може да вози по 10 часа на ден во хаотичниот сообраќај на Каракас - град со шест милиони жители - од почеток не го разбира прашањето колку чини да налеат околу 10 литри бензин во резервоарот. Конечно посегнува по џебовите на панталоните и се насмевнува, покажувајќи мала монета. Тоа е еден Боливар - 23 американски центи според официјалниот курс.
Но, повеќето луѓе разменуваат пари на црниот пазар, каде нивните пари чинат помалку. Така литар бензин А95 чини само еден американски цент.
Во продавниците литар вода се продава по осум нивни Боливари (1,86 долари по официјалниот курс). За толку можеш да наполниш гориво во 80-литарски резервоар, или три пати повеќе од цената на пакет цигари (30 Боливар или 6,98 долари)