Не споредувајте баби и жаби- цена на гориво кај нас и цена на гориво кај и да е во светов.
Секоја држава си има своја економија и врз основ на тоа се формира цената на добрата. Бидејќи ние сме таргет група која е директно засегната од поскапувањето или поевтинувањето на горивата, не интересира ( донекаде, барем на овој форум ) само цената на тоа добро...а, инаку стварно е смешно да споредуваме просечна плата во GBR со просечна кај нас, па да се вршат споредби во цена на гориво кај нив и кај нас и да се извади заклучок дека сме сјебани.
Информирајте се поубаво околу сите останати животни, нагласувам ЖИВОТНИ трошоци и ќе ве заболи глава колку тие ( не само во GBR ) имаат пари за давање во многу останати сфери во кои ние си поминуваме многу побагателно.
Знаеш која е нашата најголема предност....што од мама, тато, дедо, баба скоро сите имаме наследено по некоа станче или куќа па не мораме да плаќаме кирија.
Цените на становите и куќите кај нив се енормно високи па тие ретко се одлучуваат да купат свое и најчесто одат под кирии кои се доста високи дури и за нив.
А и оние кои имаат можност да купат, ретко се одлучуваат на таков чекор затоа што никој не е сигурен каде ќе заврши со работа. Денес е овде, утре на друго место, не е како кај нас.
Израчунајте ги годишните примања нивни и животните трошоци и ќе видите колку каде како и што сме ние.
А веќе и кај нас киријата не е како што беше порано. Малку ти е просечна плата македонска за да си платиш месечна кирија.