Очекувам 69 денара за литро Безоловен 95.
Ако не биде така да даде Господ Грујо да освои само 31 пратеник
хахаха...излгеда и под 30 ќе освое......0.5 денара го намалуат горивото....
Бензините намалени за 0,5, дизелот за два денари
Малопродажната цена на бензините ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, цената на дизелот се намалува за два денари, а екстралесното масло за 1,5 денар по литар.
Вака одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница, посветена на корекција на цените на нафтените деривати.
Цената на еуросуперот БС-95 од ноќеска ќе изнесува 76,50 ден/лит, а еуросуперот БС-98 ќе се продава за 78 ден/лит.
Согласно одлуката на регулаторите, цената на Еуродизелот (Д-Е V) ќе се продава по цена од 66,50 денари за литар, а екстралесното масло за 58 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се намалува за 1,602 денари по килограм, со што новата цена на М-1 НС изнесува 41,576 ден/кг.
Намалувањето на нафтените деривати се образложува со пониската цената на суровата нафта на светските берзи за 0,66 отсто и курсот на денарот во однос на доларот од последната одлука на РКЕ пред две недели.