Цената на нафтата падна на најниско ниво во 2012, под 95 долари за барел

Њујорк (АП) - Цената на нафтата достигнаа најниско ниво во 2012 година поради шпекулациите дека Грција би можела да ја напушти еврозоната.
Вчера во Њујорк, цената на сировата нафта за јунска испорака се намали за 1,75 долари на 94,38 за барел во електронското тргување на Њујоршката берза на стоки. Во Лондон, цената на нафтата Брент се намали за 1,61 долари на 110,65 за барел на берзата.
Цените на бензините на пумпите во САД се намалени за речиси 21% од април, кога достигнаа рекордни за годинава 3,929 долари за галон и најновиот пад на цената би требало да ги држи на тоа пониско ниво. Трговците со нафта, исто така, се загрижени околу намалената побарувачка од Кина. Владата во петокот соопшти дека растот на индустриското производство во април бил забавен и производството на електрична енергија останало непроменето. Сепак, трговците го отфрлија саботното соопштение на Кина дека планира да ја намали задолжителната банкарска резерваза 0,5 процентни поени.
Шпекулациите дека Грција ќе ја напушти еврозоната помогнаа да порасне вредноста на доларот, а тоа секогаш ја намалу цената на нафтата. Еврото се намали на 1,2866 долари од 1,2925 во петокот