http://www.time.mk/read/NONE/4cc2f9374e/index.html
Грчката фирма се откажа од договорот, кој го имаше потпишано со македонската власт до 2019 година, а владата се
откажа од акцизите, со што бензините од понеделник навечер ќе се продаваат по реална цена од 39,50 денари за литар - 95'ка, како и 40,50 денари бензинот од типот супер.
Нафтата ќе изнесува 29,50 денари. А плинот, најверојатно ќе се врати на границата пред 2006 кога изнесуваше околу 21 денар за литар.
Ваква одлука донела владата, по барање на грчката фирма, која неофицијално дознаваме се откажала од договорот со кој ќе наметнува какви цени на бензините ќе имаат македонските граѓани.
Истовремено владата, реши повеќе да не троши пари на реклами и споменици, фрлајќи стотици милиони евра во неколку рекламни агенции, туку тие пари да ги пренамени кон народот за изградба на нова патна инфраструктура, а со тоа и ќе се намалат цените на дериватите.
Додека пак грчките инвеститори најавија покачување на платите во текстилната индустрија, како и повеќе пари за државата од црпењето на мермер, руди и друго. Исто грчките фирми најавија дека ќе ги намалат каматите за кредити од 22% на 3% , слично како во ЕУ во. Овие фирми најголемите банки во земјава кои ги откупија во 99 и 2000. Грците дури се откажаа и од плацевите и хотелите кои требаше да ги градат на самото централно подрачје на Скопје, а ги откупија минатата година за 1 евро од квадрат, давајќи им го просторот на Македонци од Егејска Македонија бесплатно во знак на извинување.
Ваквата одлука на власта и на грчката фирма е дојдена со неверување кај македонските граѓани, кои веќе не ни точат гориво во бензиските пумпи, чекајќи ги реалните цени на бензините и нафтата.
Некои од граѓаните се револтирани бидејќи повеќе нема да се емитува платеничката емисија "Шестооки", која плукаше исклучиво по опозицијата и добиваше неколку стотици илјади евра државни пари, забавувајќи го народот на Македонија. Веќе ќе го нема ни гласот на народот, а некои од владините телевизии се толку револтирани што веќе покренале тужба против рекламните агенции, преку кои добиваа пари за да можат да опстанат.
Граѓаните се прашуваат, кој сега ќе ги брани нивните национални интереси и ќе ги бодри во оваа сиромаштија? Некои дури и направија цртани филмови објавувајќи на Јутјуб, како одговор на овој резил.