Маржата му е дефинирана во регулативата, башка што со јака политика истиот си се избори за 2 денари повисока маржа пред неколку години. Што им е гајле за криза нив? Статистиката вели дека 10% се зголемила потрошувачката на гориво од година во година. Се купуваат поголеми возила, се купуваат повеќе возила, се купуваат помошни возила, се враќаат луѓе на бензинци, сето тоа ја качува продадената литража, а со тоа и нивниот профит.
Барем во тој бизнис математиката е проста како грав.
hmm kako velite deka marzata mu e definirana koga toj si kupi da receme 500 toni koga bese 75 denari, i potoa ja prodava 100 denari zalihata... marzata bi mu bila regulirana koga toj site 500toni bi gi prodaval po 75denari... potoa so novo nabavka bi se presmetala marzata od po-no-vo...
Кога беше првото големо покачување 10-12 денари, пример тоа беше во среда, кога берзата на нафта експлодираше +30% и се знаеше дека цената ќе оди многу нагоре.
Во среда нафтата да се купи во Грција била 100 денари, а макпетрол среда-четврток-петок-сабота-недела и понеделник продаваа по 75 денари, по стара цена.
Башка што првите две покачувања што беа по 10 денари беа нереални, т.е. математички требаше одеднаш 20 денари да отиде, ама за да се ублажи ударот на 2пати по 10 крена.
Ете тогаш се потрошени оние стари залихи што ти ги спомнуваш РедЕко.
Додека другите пумпи затвараа и викаа немаме гориво (за да подоцна го продаваат поскапо), макпетрол точеше и на камиони.
Јас да сум би ги затворил сите што "снемаа" гориво, ама јбг.