Се движам низ убавиот Скопски сообраќај денес, и ми светна резерва баш пред да поминам покрај бензинска.
Додека чекам на семафор отварам страната на регулаторна, гледам последна промена на 18ти, во Петок.
Отварам курсна листа, гледам доларот расте, и си викам, нема да има промена денес, и застанав на бензинска.
Наполнив резервоар, и правец дома.
Се паркирам пред зграда, буквално 6 минути откако платив, и ми стигнува порака од другар дека дизелот -3 денари утре.
