Денес викенд цена на пумпите на Макоил, 3 денари пониска од актуелната највисока цена, односно 69 денари за " литро" бензин 95 октани.
И за прв пат решив да наточам од ова гориво на бензиската што се наооѓа на булевар Србија.
Се работи за возило Опел корса Д 1.2 2014г. На бордот има информација колку гориво е потрошено од последното ресетирање и исклучително прецизен.
Гориво до сега сум точел само на Макпетрол и секогаш полн резервоар. Приближно околу 40 литри сум точел и бројките на пумпа и на борд секогаш биле исти (максимално 0,5 литри разлика)
Денес на Макоил очекував дека ке наточм околу 41 литар бидеќи на бордот стоеше 40,6 л дека имам потрошено, меѓутоа следеше изненадување (непријатно за жал) кога пумпашот ми наточи 43,5 литри бензин 95 октани (резервоарот е 45 л).
Толку од евтиното гориво на Макоил.
Прв и последен пат.
Толку за во оваа тема, за квалитетот не знам сеуште.
Можеби ке треба да пишувам и во друга тема.