Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1521613 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Цена на горива
« Одговори #8580 на: 16 Октомври 2018, 09:23:08 am »
Ако продолжиш да прашуваш, ќе се сетат дека треба да ги качат цените ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Цена на горива
« Одговори #8581 на: 16 Октомври 2018, 09:26:03 am »
Нафтата е еден од трошоците на земјоделците, но не е најголемиот трошок на земјоделците. Проблемот е акутен затоа што не можат да ја земаат на рабуш, па за секој литар мора да плаќаат во готово од свој џеб. Хемијата, семенскиот материјал и другите репроматеријали се каде-каде поскапи и недостапни.


Taка де, нека покачуваат. Нема во Германија да поскапи лебот, и се по ред. ;)

Обичен леб во Германија е поевтин ако споредуваме грамажа и цена. Пакуваното млеко исто така. Сирењето и кашкавалот исто. Месото е за некој процент поскапо. Единствените нешта што се поскапи во Германија се горивата за некои си 10-15%, кириите/недвижнините (иако стамбените кредити се со 1-1.5% камата), рестораните и услугите од занаетчиите.

Иако службените возила и сите компании кои работат на развивање на економијата не плаќаат ДДВ, добиваат олеснувања на гориво ако користат возила со понизок издув на штетни гасови и слични други поволности од државата (иако од друга страна имаат речиси 50% корпоративен данок на добивка).
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Цена на горива
« Одговори #8582 на: 16 Октомври 2018, 09:38:46 am »
Така е таму. Во меѓувреме овде во Македонија го јадеме немиен пошто секогаш пола раја клима со главата кога се покачуваат даноци и цени. Лоши поскапувања се само тие што ги носи другата партија на власт. За цело тоа време мрмотите си ја виткаат чоколадата.

Еве сега наместо да рипа да се намали цената на бензинот (и на плинот), им го накршуваат на мрмотите со одобрување на поскапувањата на цената на дизелот.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Цена на горива
« Одговори #8583 на: 16 Октомври 2018, 09:41:14 am »
Така е таму. Во меѓувреме овде во Македонија го јадеме немиен пошто секогаш пола раја клима со главата кога се покачуваат даноци и цени. Лоши поскапувања се само тие што ги носи другата партија на власт. За цело тоа време мрмотите си ја виткаат чоколадата.

Утре да дозволат сите во колите да ставаат службено гориво, за десет дена во Македонија сите коли ќе станат “службени“.  ;D ;D

Во Бугарија службените коли не плаќаат данок и имаат т.н “даночен кредит“. ПОследните десетина години возилата со Н1 хомологација растат експлозивно.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Цена на горива
« Одговори #8584 на: 16 Октомври 2018, 09:50:25 am »
Пред 5-6 години вака отиде нагоре али дизелот никад не бил поскап. Ако продолжи овој тренд и зимово ќе биде весело ...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Цена на горива
« Одговори #8585 на: 16 Октомври 2018, 09:51:18 am »
ПОследните десетина години возилата со Н1 хомологација растат експлозивно.

... a oвде се мачкаат улиците со хемикалии кои „упивале загадувачи од ауспусите“. Во меѓувреме сите се прават (или ги прават) глупи дека најголемиот загадувач на воздухот е чадот од ќумбињата.


Патем ако се иде на оданочување на загадувањето (нешто што генерално го поддржувам), тогаш ајде нека мерат издувни гасови на технички преглед и нека има варијабилна даночна стапка соодветно на измерени загадувачи во издувот. Пошто како што има дизелаши има и бензинци кои чадат како локомотиви, и обратно.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Цена на горива
« Одговори #8586 на: 16 Октомври 2018, 09:57:49 am »
Во европа кај дизел се мери чад а кај бензин % или ниво на co2

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Цена на горива
« Одговори #8587 на: 16 Октомври 2018, 10:01:39 am »
А овде?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Цена на горива
« Одговори #8589 на: 16 Октомври 2018, 10:04:32 am »
А овде?
Во Македонија климаат со глава и викаат, добро е, одлично.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6812
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Цена на горива
« Одговори #8590 на: 16 Октомври 2018, 10:19:29 am »
Јас мислам оти треба да ја качат акцизата за нафтата уште пет денари. Потоа да воведат и акциза/данок за плинот.
Каков муабет, самите да си го напикаме.

Ако се изедначува, да поефтини бензинот 5 денари, а не да поскапи, а плинот арен си е, државата со вишок пари ништо вишок не прави.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5348
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Цена на горива
« Одговори #8591 на: 16 Октомври 2018, 10:24:43 am »
државата со вишок пари ништо вишок не прави.

Kako ништо, повеќе пари треба за вработување на уште администрација... Само тоа лажат душманите, покачувањето на цената на дизелот е заради еколошки причини!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Цена на горива
« Одговори #8592 на: 16 Октомври 2018, 10:37:21 am »
Ете, нека рипне Апасиев, нека организира протести, нека не се занимава со висока политика, нели пред да бидат левица беа синдикалци...

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5728
Одг: Цена на горива
« Одговори #8593 на: 16 Октомври 2018, 10:52:22 am »
https://lider.com.mk/hronika/vo-tetovo-i-gostivar-avtomobili-koi-go-zagaduvaat-vozduhot-se-iskluchuvaat-od-soobrakjaj/
од прва паркови и зеленило, јсп скопје, бетон, гранит, гоива и остали не ми текнува идат у аут...

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Цена на горива
« Одговори #8594 на: 22 Октомври 2018, 20:14:26 pm »
https://denar.mk/166521/ekonomija/recisi-iljadi-avtomobili-na-makedonskite-patista

најдобро е да се мери кое возило загадува а не годиште... Но кај нас се е можно, ете забрането е возење со КУКИ без приколка а 99% така возат... исто ќе биде и со мерењето, кој има врска ќе добие ЕКО налепница

И да коментирам за Дизелот, се уште имаме најевтино дизел гориво во Регионот, секаде е колку 95-ка а има и поскапо...
Дизелот се смета за голем загадувач во градско возење бидејќи не го гасат ни на паркинг испод 20-30минути стоење а луѓево измислиле СТАРТ / СТОП уреди.... ама бадијала...