Значи што ви реков??? а? а? а? Не сум нормален, т.е. ненорамлен сум : ))) btw стварно е чиста математика ова на регулатнорнава комисија, не се они криви за цената на бензинот, туку владата за висината на акцизата.
Dodo, ке може да рекнеш на кој начин успеа да го пресметаш намалувањето?
Абе комплетната математика е малце посложена а и јас ги немам точните бројки... цената на нафтата може секој да ја следи на
http://www.forex.com/uk/currency-pairs-public-charts.html (а ако си отворите акаунт може и да тргувате

). Значи како што и самите велат на својот сајт
http://erc.org.mk/NovostiDetal.asp?novID=434, цената се формира во однос на просечната цена на нафтата последните 14 дена (на лондонската берза, а не на америчката!!! - ова е многу битно бидејки има огромна разлика!!!) и просечниот курс на доларот во истиот период кој може да се прати на
nbrm.mk. Е сега, намалувањето/зголемувањето треба да се пресмета на цената на бензинот пред акцизата, што во превод значи дека ако да речеме доларот бил фиксен тие 14 дена а нафтата поефтинела 10%, намалувањето треба да се пресмета на основицата на бензинот пред акцизата, што во превод резултира со намалување на крајната цена на бензинот за грубо кажано 7-8% (не се фаќајте сега за точноста). Е сега тука постои и факторот на заокружување, односно ако математиката вели дека бензинот треба да поефтини за 1,7 денари а дизелот за 1,3 денари тогаш најверојатно бензинот ќе поефтини за 1,5 а дизелот за 1 денар. Ова у принцип не е толку едноставно бидејќи има математика од типот колку се троши дизел а колку бензин за да сепак во крајната математика вкупната процентуална разлика (на дизелот и бензинот заедно) е онолку колку што треба да биде процентот на намалување/зголемување на цената. Ова секако се многу параметри и непознати за нас, али регулаторната комисија гарант има само еден ексел кадешто ги внесуваш сите овие параметри (или барем неколку) и та даааааааа...ја добиваш новата цена!!! или па имаат некое посебно дигитронче што пресметува само со неколку клика

Али колку и да си сметаме ние, освен податокот дали да пуниш денес или да се стиснеш уште некој ден за потоа да уштедиш 30-50 денари на цел резервоар... ништо друго нема да добиеш

регулаторната комисија само прави пресметки, владата е таа што може да влијае на цената преку акцизата. Ако ме прашува некој мене, (толку се изнапишав што гарант никој не стигна до тука со читање, па можам да изнапишам што сакам асјхјхалдфнлкадлјладфј : )) ако ја намалат акцизата и бензинот ми е 10 денари поефтин, нема јас ништо да уштедам, баш напротив, пак ќе ги потрошам истите пари ако не и повеќе затоа што повеќе ќе возам и ќе шетам. Така да теоретски ако они мудро скратат од акцизата нема да бидат во загуба, ама кој да се разбере со нив.