Значи толку и од Нас Гас, или несмеат или и нив ги удри славата, се напунија со пари.
веројатно да ја дотрошат пратката шо им е нарачана по таа цена, па со новата пратка ке клекнат малку... ама не очекувам драми во разликата од макпетрол.. максимум 1,5 денар подоле...
Лукоил куманово ТНГ = 27,5 денари.
Ви текнуе бензинот кога беше 27 денари а стојадините трошеа 8-9 литри у град?
Мали сте вие не памтите. Сега мене Баблс ми троши 7,5 литри плин во денешно скопје. Мило ми е што се вратија старите добри времиња. Само Треска на кривината не е веќе за бањање 
џонтра... мене ми текнува кога плинот беше 7 денари, а кога ја имав мојата прва кола на плин, беше 9 денара литро... да, бензинот тогаш беше 24... возев кола што трошеше 20-тина литри во град на 100 км, боцата ми беше 80 литри и беше жива смешка возењето на плин... немаше атести, немаше машински, немаше секвент уреди, немаше полиција да те тормози за документи за плинот.. е едини проблем беше полнењето... немаше ни многу плинари.. сегашнава нас гас, беше плинара стаклара. друго име имаше тогаш.. и колони за полнење имало до 1 километар од влезот накај нас гас...
кај ојдоа тие времиња кога за џепарац добиваш пари повеќе одколку што ти треба да туриш гориво и да извозиш 400 километри низ град... за 560 денари, полнев цела боца и возев како што ми е кејф... шпараџиско возење? што е тоа бе?
инаку, и сега не е лошо да речеме... ме прави среќен што ценава иде надоле... али ке бидам уште посреќен ако падне уште... вчера-завчера, со кого зборев незнам од плинашиве.. вика, ова е зимска мешавина на плин. ако продолжи со оваа тенденција на паѓање на цените, летоска ке видиме цени што почниваат со 1 напред во бројката по литро... под 20 ке мора да падне...
ако ако... нека падне... ке довградам уште една боца во гепек, нек се најде.. идеш на плинара, танкаш 120 литри за околу 2000 денари и возиш 1000-1200 километри... е сега е оној момент што претходно фаланга го спомна... за оваа цена, ептен е фино возењето...
п.с. кога поскашпуваше горивото сите викаа долу влада.. и иако врска нема владата со тоа, ама ете, ај една контра сега:
ГОРЕ ВЛАДА.. НАПРЕД... ТАКА ТРЕБА!!
