rekov jas nikoj ne me slusa ke odelo dole ke ostanelo isto drn drn znaci kako gagam toa cudo e hehe
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,00 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 02.07.2012 година. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,50 ден/лит и на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 4,00 ден/лит во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 02.07.2012 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 57,00 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,077 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 02.07.2012 година. Така цената на М-1 НС изнесува 42,460 ден/кг.