Па валда зошто државата сеуште прави пари и покрај намаленото ддв и акциза. Се додека нема проблем при набавка на нафта, нема зошто да се ограничува. Тоа што странци полнат кај нас е позитивно во случајов, а не негативно.
Како што стојат работите, наскоро нема да има доволно нафта/деривати. Колку „ќар“ тогаш ќе имаме?
Државите како Словенија уште пред повеќе недели имаат лимитирана количина за домашни купувачи и уште повеќе лимитирана количина за странци. Затоа што гледаат да бидат со повеќе стратешки резерви ако (кога) достапноста на горива значајно ќе се намали или ќе запре.
Ова не е нешто кое приватни фирми треба да го одлучуваат, туку соодветните органи на државата. И како и вообичаено повторно мизерно потфрламе. Нема логика во малетене апокалиптично сценарио да „правиш кеш“, во тоа сценарио не ти треба кеш туку асети а тогаш асетите почнуваат да вредат многу повеќе од кешот (во превод со кешот ќе можеш да се сликаш и не многу повеќе од тоа).
Рачунај на депресија, посебно во ЕУ зоната, што значи автоматски сме сјебани и ние овде. Тим повеќе што немаме ни концепт за стратешки резерви (барем не во пракса). Ако работите продолжат да идат на лошо, рачунај на големи галопирачки инфлации и девалуација на фиатот (кешот). И потоа куп други срања автоматски идат заедно со тие срања.
едит: Мислиш дека ова е нереално сценарио?
Не следиш што се случува на Блискиот Исток? Синојќа изгоре најголемата саудијска рафинерија, една од најголемите на светот. Ирански рафинерии горат, и куп други од помалите арапски држави. Ова нема да биде проблем за кратко туку за долго долго време, нафтена инфраструктура не се гради назад за кратко време. Плус прво треба војната да заврши, а абер нема од тоа.
И не е само тоа, руските пристанишни центри/складишта се исто под напад, голем дел од капацитетите за извоз (со бродови) во Европа се значајно намалени (плус ЕУ и има забрана за увоз). Цел свет врие.
Дајте воозбилете се малку сите, ѓаволот одамна ја однесе шегата. :-/