Никаде во светот немам сретнато ваков мајндсет. Празник е каков и да е, се одбележува. Ја почитувам слободната воља на секој човек: дали е атеист, будист, католик или православен – секој нека си верува во што сака, тоа е негов избор. Ниту ме интересира, ниту ми пречи.
Но, еден од поубавите празници – а луѓето се однесуваат како муви без глава, бегаат што подалеку од својот дом. Тоа не го разбирам. Ваму крстови околу огледала, икони по раце… а за празник – контра, да не си дома. Каде е тука хармонијата?
Акочовек има семејство – сопруга, дете, мајка, татко, брат, сестра, пријатели – зар не е логично тие денови да се поминуваат заедно, едни кај други? Наместо тоа, сите бегаат што подалеку од својот дом.
За каков празник зборуваме тогаш? Зар не постојат други денови за шетање и излегување? Баш овие денови отсекогаш биле за дома, за блиските, за заедништво.
Вакво нешто моево око нема видено, а има видено многу.