И 250 денари да биде литар гориво, пак народот ќе вози. Кој вози ќе вози, кој не никому ништо. Секое чудо трае три дена, па и ова. Кој сака да вози, ќе плати гориво, како и за сè друго низ животот.
На некого и 250 денари литар нема да му биде скапо, а на некого и 1 денар покачување му е многу. Така е со сè за некого е малку, за некого многу.
Затоа подобро е човек да се стреми кон позитивни нешта, а не кон работи што не можеме да ги смениме. Во животот постојат многу поважни работи од тоа дали горивото ќе поскапи или не.
Со гориво или без гориво денот поминува. Впрочем, и животот. 🚗