Автор Тема: Запалена сигнална сијаличка за моторно масло (уље во мотор)  (Прочитано 11443 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Прашањево го поставив на Маршер, но еве и тука, доколку кај некој се појавила иста или слична ситуација нека сподели што било проблемот и како ја решил.

Вечерва, ја палам колата и сијаличката за уље не се изгаси, тргнав да возам и цело време свети.
Ја запалив и изгасив на неколку пати, и пак исто со тоа што некогаш свети некое време после палење, па се гаси за да за пола минута пак светне.
Уље има 3/4 на шипката. Од нигде никаде ова, не е возена 3-4 дена и сега ова се случи. Откако се случи ова не ја возев, односно само од паркинг ја симнав во гаража.
Кога снемува уље сигнализира на бордот и на дисплејот на шалтаблата под обртомерот, а сега свети оваа сијаличка:



Инаку нема ништо чудно во работата на моторот, се си е како и претходно. Малку штракаат вентилите првата минута откако ќе ја запалам кога  е ладна но потоа се смируваат и не се слуша.

Јас како лаик на што помислив.

Проблем со уљната пумпа, бидејќи и претходно штракаа вентилите на прво палење, додека е уљето доле и густо. Чим поработи минута барем нема гајле се стишува моторот.
Недоволен притисок на уљето, што пак ми иде на пумпата.
Можда е и некоја ситница, филтерот за уље, бидејќи е некоја марка “Мастер“, ако воопшто филтерот може да прави некаков проблем.

Инаку откако се сменети филтерот и уљето имам поминато ~6000 км.


Секој совет или искуство е добредојдено.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
1. НЕМОЈ да ја возиш вака колата!
2. Треба да се провери дали навистина нема притисок или автоматчето не чини, ако имаш манометар треба да најдеш начин да го заштрафиш на место на автоматчето и да видиш колкав притисок има. ако немаш замоли некој мајстор да дојде докај тебе не ја вози вака беља да не напраиш

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Имаш и варијанта уљето да ги изгубило својствата,и со промена би се решил проблемот.
Ова е у случај ако се друго е ОК,како што кажуваш
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6599
За да се провери уљето дали сеуште ги има својствата, од шипката откако ке ја извлечеш, стави на прстите, допри ги еден со друг и види дали прстите ке ти се лепат, ако прстите ти се лепат од уљето, значи уљето е добро

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
пореток случај е филтерот да е во прашање, ама сепак не го исфрлај од конкурентите за можни проблеми. Вентилите не треба да штракаат воопшто, маслото треба да создаде притисок во клипчињата многу брзо по стартувањето на моторот(ако вентилите се уљени, какао што разбрав). Можно е и уљето да е за менување, зависи под какави услови си ја возел колата, каков бил квалитетот на горивото... Маслото покрај што овозможува подмачкување, го лади и го чисти моторот... Што и да излезе дека е проблем, смени го малсото и филтерот непосредно после попрафката, за 2-3000 км не ризикуј да ти се јави ист проблем....

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Уљето е Ликви Моли МоС2 10-40, и 6000 км се малку за тоа уље, и претходно имав ставено вакво уље и немаше проблем, овој пат плус и Кератек му имав ставено одма после промената.

Инаку ако проблем е пумпата и ако се вади картерот, нормално дека ќе се смени и уљето и филтерот, со тоа што овој пат 10-60 ке ставам.

Инаку колата нема да ја возам периодов, единствено движење може да и биде со влечење или качена на шлеп до сервис.
 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Не ја вози колата, сијаличката означува недоволен притисок на маслото во моторот. Дур не видиш дали е лош давач или навистина нешто е проблематично - не ја вози. Дури ни до мајстор.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Не ја вози колата, сијаличката означува недоволен притисок на маслото во моторот. Дур не видиш дали е лош давач или навистина нешто е проблематично - не ја вози. Дури ни до мајстор.

Не не ја возам нормално, дури и вчера секундарно ја изгасив кога видов дека свети сијаличката и само ја спуштив по удолничката до гаража (незапалена ке се чудам сега како да ја извлечам).

Ќе ја качам или на шлеп или со сајла ке ја шлепам, не ја палам никако.

Гугле ми го нема, да го прашам ако може да провери он на лице место, и така му е позади зграда гаражата моја.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
komsi, si go jadel???

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Hahahaha :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
komsi, si go jadel???

Па го поткаснав малку, се надевам дека нема да го изедам цел :)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Пак ставајте адитиви у уљето и купујте мутави филтри ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Треба да види тоа сијаличе за кои проблеми може да се јави, проблемот може да биде од слаб притисок на уље до нешто сосема банално.

Отсутен google

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2396
Пак ставајте адитиви у уљето и купујте мутави филтри ;)

ne ne sale ne zezaj ... fukanje SERATEC :D i nemase nikat da ima problem motorot... bdc

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
bas si kalimero pobratime... bare nekoe od 200 denari da bilo uljeto...