Сега ке ви кажам уште една работа...
Прво. Горивото мора рафинеријата да ја напушти со декларација и сертификат за квалитет. По излегување од капија на рафинеријата, кој што сака може да си прави...
На пумпите во МКД и тоа во сите се точи гориво од ОКТА...Тоа се договори на државно ниво...
Па вие сеа мислете што сакате...И ЛУК оил, и Макпетрол и Окта и тн танкаат од ОКТА...
Не само нашите пумпи...Туку гориво се извезува и надвор...Грција на пример, со кого има договор..итн...
Секако дека има контрола на излез од рафинерија, ама у Македонија не важат правила и закони ( осем Марфиеви нели

)
Но еве да земеме дека се од ова функционира беспрекорно, она што мене ме интересира е контролата на горивото пред да влезе во пумпата, а од каде сака нека дојде.
Јас немам ништо против рафинерија, ама мене не ме интересира каде се произведува нафтата, мене ме интересира што ке ставам во кола, а за жал поради сеуште неразјаснети причини во државава осем Лукоил, друг светски бренд нема. Да отвори OMV у Македонија, никој веќе ни на Лукоил нема да тура, да не зборам за Макпетрол и останатите партизани, од редот на оние Бензиски Пумпи кои го носат гордо знакот на ОКТА, а носат секакво сра*е од секаде. Кога Окта се дрзнала да им даде на тие партизани да турат ОКТА лого на бензиските, а тие упорно продаваат непроверени горива, од кај да верувам дека ете и она гориво што излегува од Окта е со реална контрола ?
И сеа тонч! Од каде се горивата во државата, кога Окта веќе 2 месеца не работи, а залиха во резерварите нема ?
Јас конкретно кажав зошто 98 а не 95, ТСИ моторите се прилично нежни ( осетливи на гориво ) и разликата во RON ( ајде да не речам Октански број ) се осеќа алармантно многу. На стандарден атмосферец ( еве на Хонда моторите на пример ) разлика нема.