Врска немате...
Џабе ви е и интернет и лаптоп и компјутер.
Да не спомнувам како во стари времиња да барате нешто по книги...
ОКТАН е многу запаллива течност која се наоѓа во нафтата како примеса.
Инаку е јаглеводород со формула (ако некого баш го интересира) CH3(CH2)6CH3...
Е сега името октани доаѓа ради запалливоста на бензинот, односно неговарта експлозивност...
Во минатото, октаните како мерка за експлозивност на бензините се добиваа со додавање на тетраметил олово, кој е едно соединение добиено од изомерите на октанот. Но бидејќи во денешно време оловото е декларирано како непогодно за човековата околина како соединение кое е отровно и загадува, експлозивноста на бензинот се зголемува со додавање на нови соединенија,(нови за нашето уво, иначе датираат уназад 20 години), таканаречени ациклични јаглеводороди.
Е сега одкако знаете што е октан, да прокоментирам малку околу муабетот рекла казала за октанската вредност на горивата кои се проверуваат во ОКТА.
Не ја бранам, ниту ја фаворизирам, но греота е цело време да плукаме и да се правиме паметни, а и дека ние све знаеме...
Не е точно дека горивата излегуваат со пониска експлозивна моќност од пропишаната. Јас лично сум одел во лабараторијата каде што се вршат тестирања на горивата. Секое гориво, односно примероците кои се најдоа таму, а за среќа имав можност да видам моментално испитување и тестирање на 95-ка, 98-ца и еуро дизел, беа со сите пропишани и декларирани вредности...
Горивото од 95 по тестовите и испитувањата, беше 95,03.
98-цата беше 98,1, што е и повисоко од пропишаната норма...
Дизелите се тестираат на мотори, кои работат на некој си 700 обртаи колку што се сеќавам. Моторите стојат на специјални држачи со 300 инструменти закачени на нив, а притоа гориво со количина од 500 мл се сипува во резервоарот и моторот работи се додека не се потроши...Инаку моторите беа од некој си амерички производител. Сите параметри се одчитуваат и се анализираат...
Сега ке ви кажам уште една работа...
Прво. Горивото мора рафинеријата да ја напушти со декларација и сертификат за квалитет. По излегување од капија на рафинеријата, кој што сака може да си прави...
Второ. Знаете ли колку чинат пумпи за испумпување на горивата, резервоарите, технологијата бла бла бла итн...Зарем мислите дека заради лош квалитет на горивото вреди да се дозволат дефекти на целокупната опрема која чини колку неколку Македонии?
Као трето. Дали знаете колкава инвестиција е ремонт на рафинерија? А и додека трае ремонтот колку милиони милијарди евра се губат? Ремонтот е резултат на прљавштина, неквалитетна нафта на која работи итн...
И као трето

уствари четврто.
Ма и не се битни броевите...
Еве ви уште еден мит кој ми се сере кога ке го чујам...
Му рикнала пумпата за висок притисок од вода во нафта...А бе АЈДЕЕЕЕЕЕЕ? Вода у нафтата?
Нека сервисот ми издаде документ со кој јас ке излезам и ке го тужам претпријатието кое ми натанкало гориво кога се случил дефектот...Имам сметки, не ми е проблем тоа да го направам...
НАФТАТА И ВОДАТА НЕ СЕ МЕШАААТ!!!!!
КРАЈ!!!
Нафтата е полесна од водата и секогаш е горе...Плива...
Ако пумпашите мешаат вода и нафта, прво нешто што ќе рикне е пумпата во резервоарт на бензинската станица...ЦЕНА?
Еве и да не рикне...ама неможе да не рикне!!! Да не објаснувам што и како...Иста е како и пумпата за висок притисок во колата...
Наместо нафта во резервоарот ке ти наточат 99% вода и 1 % нафта...
Колата ке ти стегне перманентно...
Прикаски...Прикаски...Прикаски...
Пумпите за висок притисок рикаат зошто се толку квалитетни...А не ради вода у нафта...басни...Сите точат на тие пумпи...На еден ли само ке му рикне? НЕ...Ке им рикне на 50, 100 коли што наточиле дента...тоа е тоа...
Муќки се прават, но си имаат начини како го прават тоа...Не со вода...Водата е само еден глупав МИТ...
На пумпите во МКД и тоа во сите се точи гориво од ОКТА...Тоа се договори на државно ниво...
Па вие сеа мислете што сакате...И ЛУК оил, и Макпетрол и Окта и тн танкаат од ОКТА...
Не само нашите пумпи...Туку гориво се извезува и надвор...Грција на пример, со кого има договор..итн...
Рафинеријата е иста...Горивото кое се добива со фракциона дестилација во колоните на рафинеријата е за сите исто...Е сеа доаѓа момент кога се додаваат адитивчиња...
БУЈРУМ, хемичари, тим на инженери од нафтени компании, додајте си ја кокаколата во горивата....
Пријатно и убав ден