Денде, јас мислам дека си во заблуда. Прво ниту 95 ниту 98 немаат реална таква октанска вредност. Не верувам дека се повеќе од 90. Останатото се постигнува со адитиви. Второ, од досегашните искуства со Макпетрол, сите возила кои сум ги возел работат поубаво, помоќни се и помалку трошат со 98. И тоа: Ford Fiesta 2004 1.3 8v - 70, Ford Focus 2002 1.6 16v - 100, Toyota Auris 2008 1.4 16v - 94, Mazda 6 2005 1.8 16v - 120.
Инаку, со моменталните цени на бензинот, треба да се користи плин! 37 денари наспроти 78 за литар. Скоро дупло повеќе поминувам на плин одошто бензин. И повеќе не ми е шубе кога во гужвите дремам како мисир на семафори, чекајќи неколку тури за да поминам...
@Џиџи
За да биде колата помоќна со 100 октани треба да имаш исклучително квалитетно гориво, значи не наше, и да имаш мотор со екстремно висока компресија. Бидејќи кај нас горивото е срање, а моторите кои ги возиме се многу далеку од висока компресија, октанската вредност не игра некоја улога. Се сведува на квалитетот на горивото.