Од никој од форумов не сум прочитал дека гумите од вториот дел од сезоната не му одговараат на Редбул повеќе од тие од првиот дел. Никој. Ако има дајте цитат да видиме, а не вака на празно само да вртите.
Од друга страна има многу стручњациве на форумов кои тврдат дека гумите се сменети за да им се помогне на Редбул, иако ни Ферари и Алонсо го немаат тој став.
Зошто би сакале тие кои го водат спортот да му помогнат на тимот што има голема предност во генерален пласман и најбрз болид? Сезоната во која не се знае кој ќе биде шампион има поголема гледаност а тие прават пари токму од тоа. Зошто би си пукале во колено Берни и ФИА?
Да ве потсетам, очигледно сте заборавиле. Пред промената на гумите. Фетел 157, Алонсо 123. Редбул 250, Ферари 180.
http://www.f1fanatic.co.uk/statistics/2013-f1-statistics/championship-points/ Друг ќе беше муабетот, немаше на 6 трки пред крај да се знае шампионот, туку на 2-3 трки подоцна, а Раиконен најверојатно ќе беше второпласиран.
Тезата на Њуи е дека тоа што Ферари и Лотус сакаат да го прикажат, дека тие всушност направиле болид специјално за новите гуми најверојатно е само маркетиншки филм. Зошто го има тој сомнеж, затоа што нивните болиди од 2012-та истo така беа понежни со меките гуми.
Без разлика на тоа што се вадите на промената на гумите, Ферари не заслужи да ја освои титулата оваа сезона.