Ако мислиш дека те замарам, слободно не ме читај!
Кина е далеку потркачка патека од Абу Даби! Новите патеки, па и таа во Тексас се жива мизерија. Нека земат промер од легендарните патеки, како треба да изгледа една патека за Ф1. Нирбургринг и Хокенхајм се менват на година, зошто? За да гледам трка во Сингапур?
Времињата, стандардите се, се смени и отиде на полошо. Незнам зошто упорно мислите дека велам дека трките не се интересни само затоа што Ферари не е прв?
Тотално неточно! Сакам да гледам вистинска борба, да има тркање, да има удел и силата на моторот, а не 90% да биди на аеродинамиката, заради која без распадливи гуми, дрс и керс едноставно ниту едно престигнување не е возможно! Дрс е вештачка работа, не е тркање то да тој пред тебе има 15км/ч помалце и го престигнуваш како паркиран! Има случаи каде некој болид е подесен да неможиш и со дрс да го престигнш како на пр. Алонсо со Хулкемберг во Кореа, арно ама во кривини Хулкемберг имаше огромен заостаток во однос на Алонсо, ама Алонсо неможеше ништо ради конструкцијата на патеката.
Значи се е поврзано, патеки, аеродинамика, дрс, гуми и 300 глупости. 2005, 2006 ферари не беше шампион, едната година дури и не беше ни конкурент, ама имаше трки за паметење! Ден денес ги паметам трките, за сметка на овие од денес, кои ги заборавам по 10 мин, оти буквално ништо не се дешава, а и то шо се дешава е вештачки поттикнато и не интересно!
Ферари да беше шампион ова година, пак ќе важеше впечатокот за мене, дека ова Ф1 е далеку од таја до 2008, во сите аспекти! Лани беше тесна сезона, со 3 поени ја зеде Фетел титулата, ама не видовме ни една борба Фетел - Алонсо на патеката! И да имаше престигнување, беше благодарение на дрс, брзо и неинтересно!