Хамилтон: Алонсо со Ред Бул би направил ршум
Луис Хамилтон продолжува да дава контроверзни изјави и покрај неодамнешното појаснување дека Фетел е одличен возач иако успесите се должат на добриот болид.
Овој пат, за шпанскиот спортски весник Ас, Хамилтон „подметна“ бомба откако доби експлицитно прашање дали тој зад воланот на Ред Бул би освоил четири титули.
- Навистина не можам да одговорам. Би било будалесто од мене да кажам такво нешто. Но, јасно ми е дека доколку Фернандо беше во тој болид, ќе беше далеку напред од онде каде што е сега Фетел. Тој би победувал полесно,- рекол возачот на Мерцедес.
Од друга страна, иако Фетел има потреба само од едно петто место за да ја освои титулата, што е многу лесно остварливо имајќи ги предвид неговите последни пет победи во низа, медиумите пишуваат дека во Индија тој е сам, без девојката и родителите, кои вообичаено доаѓаат со него. Дополнително, Фетел е под лупа и за своите активности вон патеката: за време на индискиот гран при викенд наводно тој стравувал од пиење вода или свеж зеленчук и овошје, па дури и користел виски за „прочистување“ на грлото. Претходно, за време на јапонскиот гран при викенд, беше објавено дека Ред Бул порачал риба од Австралија, за нивниот возач и останатиот персонал да не бидат изложени на потенцијален ризик да јадат риба која можеби е озрачена од нуклеарната експлозија во Фукушима пред две години.
http://derbi.mk/index.php/motorsport/formula-1/item/8468-hamilton-alonso-so-red-bull-bi-napravil-rshum