пирели е најмалку виновен за сагата околу гумите иако тие ги произведуваат... ФИА е таа што побара такви гуми за да се зголеми возбудата во трките, а со тоа интересот би бил поголем... така да ситуацијата ќе беше иста доколку тимовите беа снабдувани со Michelin, Bridgestone или GoodYear кои според мене беа најдобрите гуми во историјата на Ф1.
мене не ми е јасно зошто ФИА упорно се труди да ја зголеми гледаноста со помош на менување на правилата... една година ги сменија правилата со зафатнина на моторите, потоа аеродинамиката ја поставија за болидите да бидат најгрди од 2009 па навака... предните крила добија во ширина, а задното го стеснија и плус го направија да биде повисоко... небаре некој позади ставил „шифоњер“ наместо задно крило на болид.
од една страна се борат за безбедноста поради која изменија еден куп правила, а од друга страна бараат брзина... двете работи не одат заедно... што побрзо тоа поризично, што поспоро тоа побезбедно ама и помалку интересно.
се плашам дека еден ден кога ќе ги вратат болидите на старите патеки дека во нив повеќе нема да гледаме пилоти, туку тие ќе бидат седнати во симулатори и ќе ги управуваат од далечина. на тој начин ќе се намалат последиците и ќе можат да одат уште погоре со технологијата бидејќи главниот фактор (пилото) кој би можел да настрада, уште од самиот старт е елиминиран!
бидете сигурни дека еден ден ќе се случи ова... можеби од моментална гледна точка тоа не ви делува реално или не ви се верува, но треба да знаете дека во моментов тимовите почнуваат да инвестираат во развој на нивните симулатори... тоа не е за џабе ниту за сега, нема да биде ниту за понатаму.
технологијата се развива многу побрзо отколку човекот зад неа!
Пирели ги тестира гумите пред сезоната, кажав 100 пати, Пирели требаше да мисли на безбедноста уште пред да ги достави гумите до тимовите. Не сум јас крив шо Пирели не ги бива за ништо.
Пирели докажва дека не се способни за Ф1.
@V сите ставови ти се наместо... Keep it going...
пс - претпоставувам "V for Vendetta"...