Автор Тема: Formula 1 - Season 2013  (Прочитано 345567 пати)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2745 на: 29 Септември 2013, 00:53:46 am »
врати го АБС да не кочи болидот како застава.
болидите се побрзи за .2 по круг без абс...

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2746 на: 29 Септември 2013, 02:43:13 am »
@ARMEX дерек варвик ги изрече казните. апсурдно е некој што ги дели казните да не се согласува!  (Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Тавтологија.
Мојот коментар е првобитно насочен кон општата стерилност, воопшто не е предмет кој изрекол, кој се согласил и зошто не. И јас сум против општата манија за казни за сеисешто. Како една од последните, чистачот за чевли во рендом тим не носел кацига, одма драконска казна!

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2747 на: 29 Септември 2013, 08:45:07 am »
@ARMEX која ти била поентата од една реченица „меѓу редови“ не може да се разбере... тука сме да дискутираме за ситуациите во Ф1, а не надвор од нив. дали е тавтологија или не, тоа не можеш да кажеш и нема потреба да одиме надвор од темата бидејќи самиот поим има две спротивни значења и сега ќе се доведеме во ситуација да докажуаме кој е кој, повторно ќе се случи вртење во круг, а јас имам намера да излезам од тој круг, макар и со напуштање на форумов. нема потреба од таква дискусија... биди конкретен, едноставно биди како „раиконен“ во пишувањето... се надевам дека тој дел може да се реши.  ;)

филозофиите остави ги во некоја друга тема/форум... Ф1 претежно се занимава со конкретни информации и податоци кои подоцна се обработуваат.  :)

Ferrari International Assistance strikes again....

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2748 на: 29 Септември 2013, 09:22:23 am »
Тавтологија.

a?

што е тоа „тавтологија“?

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2749 на: 29 Септември 2013, 13:27:10 pm »
Alonso optužuje Pirelli da je promjenom guma uništio Ferrarijeve šanse u prvenstvu
http://f1racing.com.hr/formula-1/alonso-optuzuje-pirelli-da-je-promjenom-guma-unistio-ferrarijeve-sanse-u-prvenstvu

Со право! Од следната трка нека напрат да се вратат болидите од 2004 :D
Да се менва нешто бе, да биди поинтересно. Па другата сезона нешто друго и така!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2750 на: 29 Септември 2013, 14:23:29 pm »
Нека ги тргнат тие говно од гуми, не се дораснати за во Ф1..

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2751 на: 29 Септември 2013, 15:19:53 pm »
Гумите од првиот дел од сезоната не беа дораснати за F1.

Цело време зборите дека не се притискало доволно, дека гумите биле нежни, а сега викате дека преферирате гуми што се распаѓаа без предупредување. Зошто? Затоа што сметате дека на Ферарито му одговараше такво нежно возикање.


Веројатно би прифатиле и ваква промена на гумите и тркалата, само ако тоа му дава предност на Ферари, без разлика на последиците што ќе ги има врз спортот, затоа што нели, ако му иде на Ферари, се е во ред со F1.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34463
  • Таков е животот... јебига
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2752 на: 29 Септември 2013, 15:23:51 pm »
Нека се навикне Ферари на новите гуми или нека не вози воопшто.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2753 на: 29 Септември 2013, 15:25:57 pm »
@V

Види, они го развиваат болидот спрема гумите предвидени за престојната сезона. Менување на компонентата после неколку трки е патетика.

Познато е дека Ред Бул вложува многу во мотоспортот но ова е уништување на F1. Брука.

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2754 на: 29 Септември 2013, 15:28:17 pm »
На сите му одеше не само на Ферари, сега ќе беа и лотусите на 10 бода зад лидерот. И сега шо е поарно а?
Само со инает терате против Ферари. Правила не смеат да се менуваат на сред сезона и точка, незнам шо не е јасно! Пирели требаше да мисли на последиците пред да ги напрај гумите да се распаѓат како хартија, а не сред сезона!

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2755 на: 29 Септември 2013, 15:33:58 pm »
Гумите не беа безбедни. Не беа како што треба. Компонентата не се смени. Тоа што ја држи формата на гумата, на која што е нанесена компонентата се смени. Се врати старата од кевлар, затоа што испадна дека новата од челични жици не е безбедна. Значи се направи што е можно помала измена, за да се задржат колку толку исти карактеристики, но да се подобри безбедноста.

Ферари и Лотус прифатија да се промени структурата. Ме интересира дали вие мислите дека таа промена беше неопходна или ќе беше во ред да се вози по Спа и Монца со небезбедни пневматици?

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2756 на: 29 Септември 2013, 15:38:11 pm »
Пирели ги тестира гумите пред сезоната, кажав 100 пати, Пирели требаше да мисли на безбедноста уште пред да ги достави гумите до тимовите. Не сум јас крив шо Пирели не ги бива за ништо.
Пирели докажва дека не се способни за Ф1.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2757 на: 29 Септември 2013, 15:40:44 pm »
Има огромна разлика во ставот дека „Пирели е неспособен за F1“, до „F1 се мести за Редбул да биде шампион, и се менуваат гумите на сред сезона зашто Ферари е опасен конкурент со сегашниве“.

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2758 на: 29 Септември 2013, 16:24:19 pm »
Некој можи и да мести, незнам, реков остава сомнеж. Мојот став е јасен, играј по правилата како шо почна, ако не си способен не почнувај ич. Сакам фер борба, сакам машки трки, а не ова шо се случва денес, единствен начин да престигниш некој е ДРС и катастрофални гуми.

Отсутен SELECT

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 517
Одг: Formula 1 - Season 2013
« Одговори #2759 на: 29 Септември 2013, 18:37:26 pm »
пирели е најмалку виновен за сагата околу гумите иако тие ги произведуваат... ФИА е таа што побара такви гуми за да се зголеми возбудата во трките, а со тоа интересот би бил поголем... така да ситуацијата ќе беше иста доколку тимовите беа снабдувани со Michelin, Bridgestone или GoodYear кои според мене беа најдобрите гуми во историјата на Ф1.

мене не ми е јасно зошто ФИА упорно се труди да ја зголеми гледаноста со помош на менување на правилата... една година ги сменија правилата со зафатнина на моторите, потоа аеродинамиката ја поставија за болидите да бидат најгрди од 2009 па навака... предните крила добија во ширина, а задното го стеснија и плус го направија да биде повисоко... небаре некој позади ставил „шифоњер“ наместо задно крило на болид.

од една страна се борат за безбедноста поради која изменија еден куп правила, а од друга страна бараат брзина... двете работи не одат заедно... што побрзо тоа поризично, што поспоро тоа побезбедно ама и помалку интересно.

се плашам дека еден ден кога ќе ги вратат болидите на старите патеки дека во нив повеќе нема да гледаме пилоти, туку тие ќе бидат седнати во симулатори и ќе ги управуваат од далечина. на тој начин ќе се намалат последиците и ќе можат да одат уште погоре со технологијата бидејќи главниот фактор (пилото) кој би можел да настрада, уште од самиот старт е елиминиран!

бидете сигурни дека еден ден ќе се случи ова... можеби од моментална гледна точка тоа не ви делува реално или не ви се верува, но треба да знаете дека во моментов тимовите почнуваат да инвестираат во развој на нивните симулатори... тоа не е за џабе ниту за сега, нема да биде ниту за понатаму.

технологијата се развива многу побрзо отколку човекот зад неа!

Пирели ги тестира гумите пред сезоната, кажав 100 пати, Пирели требаше да мисли на безбедноста уште пред да ги достави гумите до тимовите. Не сум јас крив шо Пирели не ги бива за ништо.
Пирели докажва дека не се способни за Ф1.

@V сите ставови ти се наместо... Keep it going...  

пс - претпоставувам "V for Vendetta"... 
« Последно менување: 29 Септември 2013, 18:53:38 pm SELECT »
Ferrari International Assistance strikes again....