@Cuore Sportivo да не ме разбереш погрешно, не сакам да влегувам во дуел на форум поради тоа што јас сум фан на еден тим, ти на друг, некој на трет и итн... она што сакам да го кажам, без да ги навредам сите фанови, е следново:
факт е дека постои некоја нетрпеливост помеѓу фановите на другите тимови и ферари, но мислам дека тоа е наметнато од италијанската публика. зошто велам „наметнато“ од нивна страна? затоа што доколку победеше фетел исто така во силверстон (каде исто така има голем број фанови на ферари) немаше да биде исвиркан како што тоа му се случи во италија! таков е менталитетот во италија и кога одите таму, мора и вие да се прилагодите... а ако одите во силверстон сето тоа ќе биде на малку повисоко ниво... ете затоа англија е колевката на авто-спортот. имаат изградено и култура да се следи една трка, за разлика од италија ако не победи нивниот „пулен“, тогаш тој што ќе биде на највисокото место ќе биде исвиркан.
поентата ми е дека верувам дека и тука има фанови на ферари кои си навиваат коректно како многу други што ги спомнав во англија. нив не ги мешам со оние кои биле во монца ова лето и свиркале против победникот... едноставно овој спорт не може да трпи такво навивање. не правиме муабет за фудбал, кошарка или ракомет во кои две репрезентации играат една против друга, а кај публиката постои меѓусебна нетрпеливост. историјата на Ф1 не памети такви моменти и биле многу ретки бидејќи самиот спорт да се следи бара сосема друга гледна точка за разлика од останатите.
секој си има право да навива за кого сака и никој не може да му наложи зошто да не навива или да навива. секој има право на слободен избор... еден ден ќе бидете презаситени од навивањето и ќе барате тркање без разлика кој за кого возел. добро претекнување е добро претекнување. добра трка е добра трка... тука нема дилеми кога возбудата ќе се јави кај сите.