Турбо моторот на Mercedes ќе има предност од 100 коњски сили

Постои можност новата турбо ера во Формула 1 Mercedes да ја започне со голема предност пред своите конкуренти од Renault и Ferrari.
По замрзнувањето на развојот во последните неколку години на V8 моторите во Формула 1, од почетокот на следната сезона ќе се користат радикално поразлични V6 турбо агрегати, поради што се чини дека во 2014 ќе биде многу поважна силата на моторот отколку аеродинамиката.
Mercedes, кој што и во овој момент го има најмоќниот мотор во Формула 1, се чини дека веќе има голема предност и ќе ја загрози лидерската позиција на Red Bull, кои што ги користат агрегатите на Renault. Досега, трите добавувачи на мотори во Формула 1 (Mercedes, Ferrari и Renault) ги криеја своите карти, но се појавија гласини кои што велат дека Mercedes веќе е еден чекор пред своите конкуренти.
“Во Ф1 падокот, позади затворени врати, се појавија гласини кои што велат дека “сребрениот” мотор има предност од 100 коњски сили пред оние на Ferrari и Renault. Мercedes не ја потврдува оваа информација, но одговорните за работата со моторот имаат многу воочлива самодоверба.” – пишува германскиот “Ауто Мотор унд Спорт”.
Првата потврда за тоа е фактот што Mercedes бараат од Pirelli пошироки задни гуми, кои што многу подобро ќе ја пренесуваат моќта и вртежниот момент на новите мотори. Oд друга страна пак, Ferrari и Renault се задоволни со сегашните.
http://www.brzkrug.com/avto/f1/12324----mercedes-----100