Интересен факт, Алонсо нема победено на Спа. На Кими оваа патека му лежи највеќе, но ќе видиме каков болид ќе му спремат Лотус. Патекава е многу брза и треба да им одговара на Мерцедес, но не им одговара тоа што ги јаде гумите. Не знам колку го решија Мерцедес проблемот со гумите, бидејќи до сега победуваа на условно кажано спори патеки. Спа и Монца се најбрзите патеки на календарот. Се нешто ми кажува дека Мерцедес направија огромна дубара со гумите и нелегалниот тест. Од тогаш нагло почнаа да им растат преформансите, односно наеднаш го снема проблемот со гумите кој што го имаа. Мислам дека победникот треба да се бара помеѓу Кими, Хамилтон и Фетел. Проблем за Кими ќе бидат квалификациите и евентуално заглавување во гужва на стартот. Очекувам Мерцедес да освојат пол, а Фетел да биде у топ 3 на квалификации.